невиден (прид.) - занес (имн.)

И така, Татко, како вистински балкански Дон Кихот, во тешките времиња, почна да ја освојува својата тврдина од хартија, со невиден занес, во зенитот на својата ментална енергија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се чувствуваше зависен од неа, од нејзиното молчаливо присуство кога беше со неа, било дома, било на неколкуте типични места во градот, од нејзиниот цврст чекор кога го држеше под рака при прошетките по паркот, од нејзиното тело што доаѓаше до полн израз кога се свиваше со невиден занес додека неуморно водеа љубов во издолжените софиски попладниња.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)