невладин (прид.) - организација (имн.)

Кога во глобалистичката агенда не е предвидено Формирање на невладини организации Кои сесрдно ќе се борат за неотуѓивите права на кривите краставици И од нив да се прави салата на европските трпези Како што на пример на почетокот на дваесет и првиот век Имаше портокалови и други невладини организации Кои со каранфили и рози им го поплочуваа патот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Освен обраќањето до него, Љ. Н. се обрати и кај 168 други релевантни институции и невладини организации, меѓу кои и Хелсиншкиот комитет за човекови права – каде што само беше сослушан, но никој од нив не превзема ништо конкретно за да му помогне во овој случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Притоа кај Собранието на Р. Македонија (Комисијата за еднакви можности на жените и мажите), органите на државната управа, министерството за труд и социјална политика и единиците на локалната самоуправа е изречно наведена нивната должност да соработуваат со здруженијата на работодавачите, синдикатот, невладините организации и здруженија активни на полето на еднаквите можности со цел да обезбедат предлози и мерки за постигнување на целта на овој Закон.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Таквото нешто се случило и на седниците на некои владини и невладини организации, на конференциите на некои цеховски здруженија и сојузи, на седниците на бордовите на големите фирми, кај функционерите, и кај мнозина милионери седнати околу базените, по салоните, на балконите.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сепак, тој лично се обрати до новоизбраниот претседател на Уставниот суд на РМ (Б. Наумовски, кој порано ја извршуваше функцијата Народен правобранител т.е. Омбудсман) – а кој беше запознаен со проблемот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Сите телевизии фураат идентична шема, сите весници исто (па го има ли тоа негде, два кретена со, до скоро, потполно исти текстови - од кои зрачат бескрајно мрзоволие и тапост - во ист ден 40 години да се појавуваат ко тотална навреда за било кое чувство за плурализам и две страни на било каков аспект!?), сите културни списанија се исти, државата е исто што и невладините организации, фондациите личат на министерства, ко да сме чувари на најсветата ебена вистина во историјата на човештвото, толку проклето оркестрирано сѐ изгледа.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)