невозможен (прид.) - враќање (имн.)

Идеа, заминуваа, доживувајќи ја повторно горчината поради судбината на загубеното, невозможното враќање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Дали во мигот во знак на поздрав се огласуваа метафизичките камбани на минатото, камбаните на невозможното враќање, потонати во морето при големата преселба на дел од мојот народ Арбрешите во јужна Италија, во времето кога Азија ја пристигнуваше Европа?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сега, во ова невозможно враќање во родната земја, кај овие луѓе заробени од себеси и од другите во синџирите на сталинските идеи, носам со себе еден од мајчините ‘рѓосани клучеви на можното враќање за да ми ја отвори бравата на едно друго време, нејзиното време... * ...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Семејната судбина беше одредила јас да го остварам враќањето, невозможното враќање од егзил, во родниот Поградец, во Земјата на езерата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)