негов (прид.) - пет (бр.)

Неговата диплома, како во невозможна дипломатска мисија во татковината на животот, го спасуваше животот на семејството во балканската егзилска одисеја, без никогаш да ја открие својата Итака И конечно во стратегијата на спасувањето на своите деца и семејството во егзилската емиграција, покрај неговото речиси фанатично молчење за своето минато, кое според некои негови претпоставки можеше да биде опасно за неговите пет синови и едната ќерка, тој внимаваше тие да се определуваат за училишта и факултети кои го заобиколуваат затворот, како што нагласуваше во ретки прилики.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ги гледаше неговите пет сводови како со џиновски замав скокаат во Луда Река, а како централните прескокнуваат повисоко од другите затоа што мостот беше подгрбавен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)