негов (прид.) - висина (имн.)

Дури подоцна сфати колку бил несвесен за природното вклопување на својата физичка појава во новиот пејзаж – неговата висина и русата коса можеа да бидат и словенечки и австриски, и германски, како што виде подоцна, додека возот продолжи да оди низ широките пространства на обединетата Германија.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Такво беше неговото мислење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Укината беше долната граница на неговата висина (чл. 19, ЗИДЗПИО/07), а во врска со неговата висина во случај на повреда надвор од работа или болест беше пропишано тоа да биде висината на инвалидска пензија настаната поради професионална неспособност за работа наместо претходната одредба според која таа треба да изнесува 50% од основата за пресметување (чл. 17). 98 Што се однесува до обврските на Фондот за пензиско и инвалид- ско осигурување во поглед на исплатата на надоместоците на плата за лицата со преостаната работна состојба, во 1995 година Фондот беше ослободен од обврската да обезбедува средства за исплата на надоместоци на платата поради работа со скратено работно време и поради помала плата на друго работно место, која е префрлена на товар на работодавците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Влатко ги позеде - долги колку неговата висина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Е, па, кој ти е виновен што си толку висок, превисок за твои години, - му дофрлив, за првпат среќен што неговата висина, на која што јас постојано му завидував, сега се покажа како недостаток.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
По вратилата... со зачудувачка леснотија... тоа беше предноста на неговата висина, што се вртеше како пердув...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Беше неговиот лов и Змејко сега можеше да ги напушти карпите и да го очекува каде ќе застане во спуштањето од оние негови висини.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше дури и напишано на таа тема неколку мошне убедливи книги: „Човечкиот генератор. Негово одржување“.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)