негов (прид.) - возбуда (имн.)

Неговата возбуда и радост беа големи.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Го видел расонувајќи се невозможно изменетото лице на Ганка, на таа негова возбуда и казна и, без здив, со болка во некој 'рбетен дел под вкочанетиот тил, се склопчал, се намалил да ја сокрие возбудата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како што купот растеше, така се зголемуваше неговата возбуда.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Меѓутоа терачите на двоколки, презафатени со самите себе и со своите претпоставки, не го забележувале.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Игор Лозински сигурно не ја следеше татковата мисла, но ја насетуваше неговата возбуда кога му зборуваше за метаморфозите на јагулите на големиот пат.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка ја забележа неговата возбуда и веднаш про­дол­жи: – Пукотниците беа запрени за кусо време.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во секој случај, неговата возбуда беше толку нарасната што почнуваше да верува дека не ќе издржи речното корито полно со бистра студена вода да го направи блудна постела.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Мислам дека оттаму доаѓаше и неговата возбуда поради мојот усовршувачки престој во Париж.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)