негов (прид.) - движење (имн.)

Но додека го правеше распоредот на трупите и планот за напад, и него го фати сонцето и тој виде како се точка старавинската војска во правецот на чуката.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа сонцето го огреа баш во селото Чаништа, оттука до чуката Маргара имаше уште цел час одење, та тие што беа на чуката слободно можеа да го видат неговото движење.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
На триесет и пет годишна возраст тој веќе таложеше сало на вратот и околу половината, но неговите движења беа отсечни и младешки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Огледалото го повтори тоа негово движење.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Таа гледајќи дека не може да излезе, се собра, се накостреши и го впери погледот следејќи го секое негово движење.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Изгледаат загрижени за коренот на колективното како за пациент со вртоглавица - безделнично го следат секое негово движење, со сигурност дека тој нема да побесни и да ги избрка набљудувачите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Како во софистицирана програма за анимација можеше да го реконструира секое негово движење - начинот на кој застануваше пред огледалото и во профил си го гледаше задникот кога пробуваше фармерки, благата повиеност на ’рбетот и затегањето на мускулите дур отвараше конзерва грашок, дланката со која се обидуваше да го задуши бунтот на влакната кои секое утро му прогласуваа автономија во косата, влечењето на нозете во полураспаднатите влечки, сите извивања на телото под различни агли и во различни позиции, кога тоа беше ненаспано, возбудено, бакнато или тажно.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вкочането гледаше во братот, набљудувајќи го секое негово движење, но не го гледаше брата си, ја гледаше силуетата на неговата сенка додека ги повторуваше движењата на телото.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Забележа дека Петра највнимателно и досетувајќи се, ги следи сите негови движења и се труди да проникне во загатката што ѝ се нуди.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И потем, онака качен на мостот, на самиот врв, како некаков херој, на покривот од мостот, почна да игра некакво оро; беше полн со цинизам; имаше нешто бесно, гневно во секое негово движење.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Смарагда е неодвојна како негова сопствена сенка, го демне секое негово движење и го гушка и милува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Не знаеше иако беше ѕвер што напаѓа и што се повлекува: дали е тоа напор на неговото срце и понатака да бие и да го оддржува неговото движење.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Беше гледал како шумарот понекогаш ја полнеше или празнеше својата пушка, па се трудеше да се присети на сите негови движења, на сѐ што можеше да му користи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој немаше тело, нозе, раце но тој управуваше со Бојана, со неговите движења, со неговите мисли.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А од тоа, што ткаеницата на неговата сигурност во себе сега не беше достатно густа, и што честопати се чувствуваше пробиена, изрешетена, никнеше и таа притаеност и смиреност на неговите движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, тоа останало постојано тука, постојано во некакво милкање околу фатената мечка, во некакво дошепнување со неа, во некаков плач во сите негови движења и врткања околу неа, врзано за неговата стапица многу поцврсто преку млекото и преку крвта, отколку што може да се врзе за секаков синџир, врзано преку сè, што имала уште допрва да му покаже нему за животот неговата мајчица, пред да може да го остави само меѓу тие буки, во тие гори, во таа дождлива есен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Колку што одеше погоре, таа навика му се вкоренуваше сѐ подлабоко во сите негови движења.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, имаше време, а имаше и место за да го стори тоа толку споро, и неговото движење да не се разликува ни малку по својата незабележливост од она споро движење на сенката околу дрвото во сончев ден. Така ги очекуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но волкот, иако можеше да види секое негово движење, ни сега не се помрдна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеа со еден поглед да го опфатат и целиот оној огромен човек пред себе, онака црвенокос, со здравје на бог, што бликаше во секое негово движење, во секое влакно од неговата коса, и наеднаш имаа исподзаборавено на сѐ друго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во почетокот тоа му беше интересно, но подоцна му стануваше непријатно: му се причинуваше дека тие оживуваат, гледаат во него, го демнат од сите страни, го следат секое негово движење.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А потоа од мирно стоење одеднаш почна да трча: и бегаше и бегаше Лазар, глумеше непостоење, ни малку свесен дека на околината ѝ пречи: неговото движење, неговото стоење, неговото дишење и постоење.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Дури и кога излезе од гробот и седна на соседната плоча, речиси ништо не чувствуваше: неговите движења беа станале тромави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Старецот се помрдна но ништо не осети.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Го насади ли дрвцето, пак прашуваше старата - таа ги знаеше сите негови движења, колку помалку беше способна за сопствени.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Но и при најмало негово движење, таа го обновуваше својот цврст стисок, како дете на кое сакате да му ја одземете играчката од рака штом ќе му попушти вниманието.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Проклет да бидам, јас го гледам него, го помнам секое негово движење.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неканетиот со ширум отворени очи го проследи неговото движење и му ја зеде од раце испразнетата чаша.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во едно чинивче - од коешто јадат кукли - му донесе трошчиња леб, го канеше да јаде, а потем седна до кутијата и внимателно го следеше секое негово движење.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сѐ беше некако механичко во неговите движења.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека седеше гледаше во една точка, гледаше така дури и кога доаѓаше мајка му.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко ми беше излезен од вообичаениот ритам на живеење во денот. Го следевме неговото движење.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Будно се следеше неговото движење од полицијата, неговото зборување од партијата, а судбината на неговите кози од власта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
(Трга кон вратата, која веќе попушта под ударите. Неговото движење е бавно, но спокојно.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Но, се созеде, а го ограничуваше и фиксираниот поглед на Јагулчета кој го одмеруваше секое негово движење, мислејќи дека е веќе време да дејствува како директор на изградбата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И уште една противречност во неговото движење: неговата очигледна стегнатост на отслужен војник.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
А во мај излезе Јусуф од заробеништво како победник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Историјата не располага со други податоци за врагот, иако е голема штета тоа што не сме во можност да го следиме неговото движење од времето кога, по реставрацијата на Меиџи, пак дошол во Јапонија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Огледалото му ги фаќаше тие негови движења - копирајќи го чинејќи сѐ што тој чинеше: седни, стани, шетај, пали цигара, гази ја под нога, фаќај се за глава, налактувај се, гризи ги усните.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)