негов (прид.) - двојник (имн.)

Оној, на прагот , се прашуваше, зошто Неговиот двојник што оостана во огледалото Се насмевна, и тоа со насмевка како да простува; Но и со молк што го исмејува заминувањето Сметајќи го за предавство или за грев?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Затоа и одвреме навреме ќе се затекнев како му се обраќам преку прозорецот, како го викам по име, му дофрлувам неважни зборови само за да се јави, да проговори нешто, или барем да ми го спомене името, да му го слушнам гласот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Споменот е: виртуална слика едновремена на актуалниот објект, неговиот двојник, неговата „слика во огледало”.4
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Тоа е можеби гласот на неговиот двојник и го води во предели каде што нема ни почеток ни крај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Се виде и узна: светецот од иконата, бездруго заштитникот на селото, Никита, беше негов двојник - очи, нос, уста, се исто, дури и косата и брадата, по едногодишно небричење и нестрижење на домаќинот.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Дека оној човек, кој ги полева леандрите во дворот, не е татко ти туку некој негов двојник кој доаѓа да го замени додека да се врати од неговите патешествија, ако воопшто некогаш се врати.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)