негов (прид.) - занает (имн.)

Шетајќи по панаѓурите низ Мариовските села, уште во првата година од женењето, на Спасовден, се запозна во Полчишта со Јована Мачникот и овој го прибра кај себе за да го научи на неговиот занает.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ни расправа како бил ризичен неговиот занает.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
На Рена уште порано ѝ се допаѓаше Јаков, кого често го гледаше, онака стасит, со широки рамена и убав лик, постојано завјасан низ сокаците на Ла Калежѐ, сиромашното битолско маало во кое живеа и двете семејства, така што предлогот на татко ѝ да се мажи за синот единец на Шабтај метларот, Рена го прими со искрено одобрување и покрај ниската класа на неговиот занает.  Во брак беа веќе петта година.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)