негов (прид.) - избор (имн.)

Дали беше правилен неговиот избор на оваа висока положба или не, не би можел човек да се заколне, но на дела докажуваше дека ја заслужува.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се префрли повторно на односот на комунистот Чапаев кон неговиот избор за судија.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Другарот Чапаев, убеден во својата моќ, го уверуваше Татко дека неговиот избор за судија може да се смета за завршена работа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Како и да е, - продолжи Алал Комби, - јас останувам резервиран за неговиот избор...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Колку и да го охрабруваше доверливиот тон на другарот Чапаев, тој знаеше дека треба да мине и низ партиско-судското чистилиште, до неговиот избор за социјалистички судија. ѝ се препушти на судбината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во Анемиц цинема, Дишан ја следи вообичаената синтакса, но, видлива причина за неговиот избор на зборовите повеќе е во врска со алитерацијата и претопувањето на тоновите во звучна целина, отколку со вистинско и јасно значење на зборовите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Најнапред го нудат со вода и се остава на негов избор и волја дали, покрај полната чаша со вода, ќе се реши и за друга пијачка.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татко ги истакнуваше зборовите кои со векови опстанале во балканските јазици, не можејќи да бидат истиснати од нови зборови и сметаше дека на листата треба да бидат истакнати тие зборови, што беше во спротивност со првичната концепција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како најкарактеристична заемка го истакна зборот сој, со значење род, племе, потекло, сорта (од турскиот збор soy); лагаб, прекар, односно фамилијарно име, со потекло од арапскиот збор lgab; арка, грб, протекција (во преносна смисла), заштита, со честа употреба во балканските јазици (турски arka); евлад, чедо, дете (од арапски evld), дост, пријател (персиски dost), душман, непријател, противник (од персиски dmen),на новогрчки dusmanis, во иста форма и во другите балкански јазици; асија, крвен непријател, од арапски si; кардаш, брат, другар, од турски karda; јаран, пријател и другар, но и љубовник, еквивалентен збор на оваа турска заемка би бил зборот побратим, како и посестрима; јолдаш, и овој збор се употребува со значење на другар, сопатник, пријател, од турски jolda Камилски внимателно и трпеливо го следеше Татковото реферирање на турските заемки за коишто беше задолжен, очекувајќи да ги назначи неподобните, но неговиот избор како да одеше во обратна насока.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Мотивацијата за избор на псевдоним или на друго име најчесто произлегува од профилираноста на самата работа со која дотичниот уметник се занимава, односно во центарот секогаш е артистичкото дејствување кое го насочува и влијае на неговиот избор обликувајќи се во името како проектирана слика на самата личност и нејзината уметничка активност: Banana Queen, Texas Postal Art King, Art Tart, итн.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Со климање на главата и Рада се сложи со неговиот избор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И дали снегов што не престанува да врне и студов што упорно го потсетува на себе со своето неуморно штипкање по образите, како дебели прстиња на немажена тетка, се негов избор или негова судбина?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Му рече дека е тоа негов избор и дека таа тука не може ништо да стори.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во негов избор и препев се објавени книгите „Се роди човек“ од Р.Рождественски, „Оловното војниче на мојот син“ од Б.Окуџава, „Огледала“ од Е.Винокуров и други.
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Таму каде што не постои избор, во крвта, беше Евреин.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Да се биде Евреин за брат ми беше дел од судбината, нешто што му беше доделено со раѓањето, нешто што не беше негов избор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од двесте четириесет и шесте раскази што ги има објавено во повеќе збирки (инаку имал намера да напише 365 раскази, точно онолку колку што има денови во годината), ќе ги спомнеме само збирките: Љубови без љубов (1894), Здив, како и неговиот избор Новели за една година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во расказите на Пирандело се сретнуваат безброј описи на судбини и на душевности на обични луѓе.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На 208 стр. Павел Попов дава мал преглед за авторите и неговиот избор.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Интерактивниот видеогаме, на пример, на посетителот му го доверува управувањето со црнечката побуна во Лос Ангелес во 1992 година и му овозможува неговиот избор да го споредува со вистинскиот тек на тогашните случувања и со мислењата на другите посетители. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 113 Јадрото на изложбениот проект е Куќата на холокаустот, што се протега во повеќе сали и со степенувањето на драматичната напнатост ги буди најлошите прогони со коишто се зафатило човештвото во својата историја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во музејот во Лос Ангелес не е употребен импозантниот документарен и меморијален пристап што го одликува Музејот на холокаустот во Вашингтон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Повеќе отколку да информира во склад со историските критериуми, неговата намера е психички да ги привлече посетителите и од гледањето да направи прилика за соочување и освестување, ако не на сопствениот расизам, тогаш скоро сигурно за рамнодушноста кон драмата на другиот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)