негов (прид.) - книга (имн.)

Повеќе може да го сметаат за тренди заговорник на Е, што е поблиску до оној препознатлив национален тип - безопасен Англиски ексцентрик.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мислам дека тоа е многу негативен начин на земање дрога.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Само што, Сандерс и неговите книги може да имаат поголем ефект отколку слоганизирањето во стилот на Лири.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„ Може да се претпостави дека неговата книга е еден начин да се избегне тоа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Мајка ми свето се грижеше за неговите книги, но никогаш не сакаше да навлезе во нивните светови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тој напати беше полубуден, го следеше движењето на нејзината сенка по неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми ја препозна преку нејзината сенка што проигруваше низ неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Чанга понекогаш остануваше со татко ми и со неговите книги до мугрите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие, да сакаа, можеа лесно, еднаш засекогаш, да расчистат со татко ми и неговото пријателство со Чанга, само врз основа на списокот од неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Впрочем, најзначајните одговори на клучните мисли и прашања од неговиот живот сигурно се криеја во неговите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За татко ми тоа што го раскажуваа неговите книги за историјата, беше само еден долг, нејасен, неизвесен сон на човештвото кој никогаш не се повторуваше, ниту пак се надоврзуваше на претходниот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми беше среќен што пораките на неговите книги, собирани цел живот, сега добиваа нови читатели – слушатели меѓу козарите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За татко ми беше најзначајно откритието од неговите книги дека е научно докажано оти казеинот од млекото на козата е изразито сварлив, што се гледа во трошната и лека природа на неговиот коагулум кој е мошне сличен со мајчиното млеко.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Штотуку го отвори учебникот, сѐ уште педантно завиткан со украсната хартија, со која мајка му имаше обичај да ги завиткува неговите книги, почувствува туѓо присуство зад неговата глава.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Последната негова книга беше „Критика и клиника”, 1993-та, во која пишуваше за делата на Мелвил, Бекет, Керол, Кафка.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
За претходните генерации се верувало дека не го разбираат светот толку коректно и потполно колку што го разбираме ние.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Таа може да се најде, на пример, во неговото асоцирање на германското Ich (“јас”)19 со хебрејското Ish (човек).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи тие исто звучат (за него), во неговото поврзување на А од différance со пирамида,20 или во целосната структура на неговиот Glas: секоја страница од неговата книга содржи нееднакви колумни текст, едната за Хегел а другата на Џин Женет, кои понекогаш се чини дека се поврзани една со друга а другпат дека се целосно раздвоени.21 Со модернистичката недоверба во здравиот разум и предрасудите е поврзана одбојноста кон авторитетот и традицијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Татко одамна го немаше меѓу нас, а Мајка, вардејќи ги неговите книги и нивниот распоред, постојано ја гледашесликата на Фетхи-беј Окијар, никогаш не дознавајќи ја, како и Татковата мајка, докрај тајната на неговото цариградско време и на неговите врски со мајкиниот роднина.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Некој му се замешал во неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тогаш оживуваа, празнуваа сите негови книги, со страниците свртувани од неговата тешко подвижна рака.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше свесна за значењето на последниот распоред на неговите книги за, на крајот, тој да го открие сиџилот-мост кој, дури и отаде животот, требаше да го исполни аманетот на неговата мајка, тој да ја поврзе со нејзините, на далечниот пат кон Исток, или, конечно, да си ја запре душата таму каде што пресудила судбината.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко имал сила уште само да ја замоли да врати некои позајмени книги од негови пријатели, други да подари, но да му остане верна, колку што е можно подолго, на последниот распоред на неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Крај нашата куќа, на нејзиниот преден дел, на неколку чекори од реката, крај самата порта, беа извишени и две вити липи чии миризливи сенки, кон крајот на пролетта и во почетокот од летото, влегуваа низ ширум отворените прозорци, минуваа низ чардакот, стигнуваа до Татко и до неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во тие тешки мигови, верен сојузник му остануваа неговите книги, одбирани како надополнување за институциите што не постоеја веќе.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Започнав, но многу, многу доцна, како некој задоцнет ученик на големата историја на еден живот, да навлегувам во смислата на Татковата потрага во неговите книги, во малкуте години од животот што му преостануваа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нив ги немаше повеќе ни меѓу неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Многу одамна, светот, за него, завршуваше во оваа соба, со сите негови книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
„Мојата мајка тврдеше дека тој ѝ се доверувал дека во текот на целиот живот настојувал да го воспостави најдобриот распоред за читање на неговите книги, за тој, речиси на волшебен начин, да му ги открие сам од себе одговорите на загадочните прашања на егзистенцијата
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи распоредот на книгите во библиотеката претставува една од битните теми во делата на Луан Старова, треба веднаш да се истакне дека неговите книги би можело со право да се вредат меѓу романите на Исмаил Кадаре и Данило Киш.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Големиот источен татков сон остана засекогаш и во неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше вистина дека Татко имаше оставено еден вид тестамент за сите нас во распоредот на читањето на неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Само три години по неговата смрт, кога требаше да патувам во Албанија, за прв пат кога патував во туѓина останав без неговите совети, загрижени мисли. Ми преостануваа неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но ја немав моќта на интегралното читање на неговите книги, тајните на променливиот распоред.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој за сите нас беше останат во неговите книги и затоа за нас тие останаа засекогаш живи.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но неговата душа беше тука, во неговите книги крај нас.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тоа што не успеваше да ни го каже, го довршуваше со погледот упатуван кон неговите книги.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, не беше нејзино да спори за неговите книги, најмногу за нивниот редослед.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дури откако го сретнала и ги прочитала неговите книги таа сфатила колку биле суптилни неговите гледишта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
„Јас бев налутена на почетокот“, се уфрли Борини, објаснувајќи дека таа прво чула една карикатура на Фаерабендовата порака од некој непријателски расположен физичар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Било како било, ним не им требаат геј-мажи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Меѓу механизмите за справување со општествената доминација за кои Адам сметал дека им се заеднички на разните угнетени групи што ги проучувал беа и оние што ги нарекол „бегање од идентитет“ и „внатрегрупово непријателство“.440 Овие фрази упатуваа на општествените и на индивидуалните стратегии преку кои припадниците на угнетените групи гледале да ги смалат личниот цех и психолошката болка на општественото отфрлање.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слична е и поентата на Вил Фелоус на почетокот од неговата книга за машката хомосексуалност како културна практика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И си имаат стрејт-мажи да им бидат икони што ќе ги посакуваат – спортски јунаци, фотомодели, ѕвезди од големото платно и од малите екрани, мажи во униформа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Адам, кого веќе имав пригода да го цитирам, ја објави својата докторска дисертација (која стана првата од многуте негови книги), по име Опстанокот на доминацијата: инфериоризацијата на секојдневниот живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И нема што да читаат романи, да гледаат филмови, да запишуваат предмети, да гледаат изложби и да одат на културни фестивали што се фокусираат на геј-мажите. ‌Во 1978 г., канадскиот социолог Бери Д.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Оти, виде отец Лаврентиј сѐ: виде некое друго време, друг век виде, и виде дека во подрумот на некаква чудна, студена библиотека, окован во пранги седи жив последниот македонски ректор, преблажен отец Климент, столчен, поразен; и виде дека сите негови книги се избришани, страниците празни, без букви, додека тој умира со корка леб и чаша вода а над него стојат некакви други луѓе, заговорници и измамници со подуени мешиња и сало на вратот и му се смеат оти словата одлетале во воздух, та ред не останал за него сочинет од други времиња; “Толку си бил важен”, му велат, „толку те сакал и те почитувал народот“. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 125
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој пишуваше фикција заснована на теологии и филозофии, литература заснована на литература.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Виде Филип Филиповски дека и отец Лаврентиј го видел тоа зло време, летајќи окован за својот кревет, како Филип што е заробеник на својот; виде Филип дека отец Лаврентиј виде сѐ и дека затоа сега трча кон манастирот крај Бело Езеро, да каже што видел, трча отец Лаврентиј и сѐ почесто паѓа по скржавите падини на испустена Македонија, и најнакрај, со првиот попладневен гром стигнува нестварен како виножито до брегот на Езерото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Паѓа, паѓа отец Лаврентиј, тврда е земјата, топла пред летен дожд, и здивот е топол што ѝ го вдахнува тој.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И тогаш, постепено, заврши правејќи уште од истото, зашто, како можеш да ги разочараш луѓето, кога нешто има толкав полет?
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Наместо тоа, тој ги усидри своите текстови во поредокот на интелектот, во одредливите води на библиотеката.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Знаеше дека грубото лице на стварноста демне од секое катче на животот, и се одрекна од светот бидејќи, рече тој, во него не може да се проникне.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Даглас Адамс ми кажа дека трите негови книги биле една книга, а издавачот ги поделил на три. И тој направи по милион долари за секоја од нив. И одлични се. Тоа е баш фино.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите книги израснаа од други книги.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ВГ: Да. Смешни се.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Понекогаш влегував таму, гледав во испразнетите полици на кои до пред некое време, испомешани, лежеа неговите книги и алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас слушав со внимание, Мина зборуваше, останатите јадеа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мина се обидуваше да ми раскаже за успесите што ги постигнал брат ми додека јас бев отсутна, а кои тој не ги спомнуваше кога ме посетуваше во Гнездо; таа зборуваше за неговите книги кои на читателите засекогаш им го менувале сфаќањето за човекот, за неговата работа со пациентите, за неговата универзитетска кариера, за основањето на психоаналитичкото здружение.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога мајка ми ќе ме најдеше како стојам во собата која му припаѓаше на Зигмунд, или како седам на неговиот кревет, велеше дека тој би бил среќен кога за почеток би имал една таква малечка соба за него и за Марта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А во своето завршено објаснение, насловено Кон расказите, авторот ќе напише дека во неговата книга: „сите опишани настани се вистински настани, случки сврзани со мојот живот од порано или подоцна“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
” На 13.11.1903 год. по разговорот со Мисирков во Софија, во времето кога се печатеше неговата книга, Е.Спространов запишал: „Уверен сум дека неговиот македонски јазик ќе трае ден до пладне.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Мајката и момчето што ја љубеше музиката, заедно со неколку нејзини торби, и со сета негова музика, и со неговите книги, оти сега почна и да чита, заминаа да живеат на некое друго место.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговата драма Ревизор (1836) ја исмејувала корумпираната владина бирократија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Неколку негови книги се објавени постхумно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Затоа неговата книга изрично се вклопува во текот на европскиот национализам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Чудно е што во моментот на комплетирање на оваа теорија ја дофатив токму оваа негова книга која долги години само фаќаше прашина на еден од рафтовите во мојот дом.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Многубројни изложби во земјата и надвор од неа. 1916 излегува неговата книга Писма од војната. 1925 се разведува од првата жена и стапува во брак со Mathilde von Kaullbach (Quappi).
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Како да бев наследил дел од балканската историја со која Татко не можеше да излезе на крај и ми ја оставаше на разрешување, во мојата младост, сѐ до доцните години на животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За Мајка историјата, за разлика од Татко, не се сведуваше на херојски или драматични настини, кои произлегуваат од војната и мирот, туку од малечките, речиси невидливи нешта околу семејството кои ја чинеа среќна, силна, кога ги спасуваше животите на своите чеда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Историјата не престануваше да ми нуди нови примери. Можеби уште поуверливи од татковото време...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Никакви инструкции, и од највисоките центри на власта, во доменот на надворешната политика, не можеа да ги заменат татковите инструкции и кога го немаше, а беше присутен преку неговите книги, преку нивниот распоред на читање кој ми го остави во наследство.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, останав верен на неговите илузии, го множев хаосот на неговите книги, без да ја откријам неговата моќ на катарзичното читање, на распоредот на книгите, со кои како низ скалила стигнуваше до далечните светови, некои блиски, други далечни, но и до трансцедентните.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Крај брегот на Охридското Езеро, во Струга, многу години по неговото исчезнување, како да го доживеав второто татково постоење, запрено во неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На синот-наратор не му преостануваше само да го реконструира патот на таткото низ итинерерот на неговите книги и читања, туку наоѓајќи излези од нив, да ја разбере суштината можеби и продолжението на незавршената книга во ракопис Историјата на Балканот низ падовите на империите!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во распоредот на неговите книги можеа да се наслутат патиштата кои ми ги беше одредил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во ова пеење различните гласови, кои поаѓаа во различно време, се следеа еден со друг, но никако да се стигнат, како и брановите на синото езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги и ракописи, осудени да бидат закопани во заборавот на времето во некој подрум или таван, го откривав кодот на неговата судбина, смислата на неговите книги, да го спасува семејството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мене ми преостануваше да трагам по татковата визија за власта во последната четвртина на XX век кога него повеќе го немаше, а неговите книги го одржуваа неговото присуство во мојата свест... I Пишувам за да отворам дамна затворена врата, за да минам граница.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Книгите го губеа поранешното значење, голем дел од нив престанаа да живеат, освен неколкуте во кои беше останала пепелта од испушените цигари врз страниците каде беше задржано Татковото фениксовско присуство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На некои од најблиските букинисти им остави неколку негови книги за детето од првото издание, со надеж дека ќе ги најдат вистинските читатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој трагаше по систем на поврзување на значењата од сите негови книги, како во некоја само за него разбирлива и дофатена алхемиска операција, кои требаа да завршат во една жива книга, моќна да се вклучи во тековите на самиот живот и да ни го покажува патот во неизвесната бегалска судбина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко пред залезните години на својот живот, кога имаше с помалку сили да им се спротивставува на последиците на дијабетесот, посебно на слабеењето на видот, единствената можност да ја одржува рамнотежата на својот метаболизам беа преостанатите незавршени битки, кои започнуваа од неговите книги и завршуваа на барикадите на животот, извишувани и пред неговото семејство.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не можеше да верува дека бројот на позајмените прилози од турскиот јазик може да биде толку голем, макар што нивниот број во употребата постојано се намалува во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со Камилски патуваа и неговите книги, кои како да правеа од Балкан-експресот подвижна библиотека за чии тајни знаеше само тој.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како алхемичар изгубен во лавиринтот на зборовите, Климент Камилски долго време чекореше низ коридорите на својата библиотека, барајќи ја својата еурека, којашто мислеше дека е во неговите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко го следеше неговиот поглед и не го покажуваше своето прикриено задоволство што непознатиот играч во балканскиот покер покажуваше интерес за неговите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Блиските навикнуваа на неговите книги, кои требаше да му помогнат, како османски кадија, по многу читање и мислење врз Куранот, другите свети книги, европските законици, да просуди за вистината.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковото второ умирање настапи откако неговите книги останаа без животот што им го внесуваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Изборот и поредокот на неговите книги во библиотеката требаше да ја претставуваат највисоката точка и падот, односно кривата на егзилот, како излез и спас.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Запре на шестото поглавје и започна да чита за епизодата кога со свештеникот водат голема и грациозна дебата за книгите на рицарот Дон Кихот од Ла Манча, кога дел од неговите книги се запалуваат, а останува спасена незапалена само првата книга за ритерството печатена во Шпанија во 1490 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој многу внимаваше на редот, односно распоредот, според кој требаше да се читаат неговите книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За Камилски зборот филан и цитатот на Андре Мазон, најден како француски војник на Источната Армија во Корча, извлечен од неговите балкански документи, односно неговата книга Contes slaves de la Macedoine sud occidentale (Словенски приказни од југгозападна Македонија), објавена 1923 година во Париз, ќе бидат од посебно значење и тој на одделен потсетник запиша за да му го изложи на Татко како посебно ова прашање при скорешната средба.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веруваше дека и распоредот на читањето на неговите книги може да се смета за лавиринт, кој ги обединува минатото и иднината, со излез во сегашноста.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неговите книги ја имаа моќта да ги совладуваат границите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Париската одисеја на Климент Камилски се приближуваше кон својот крај заедно со неговите книги, претстоеше балканскиот, неизвесен дел.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Задолжена собарка ја исчисти на брзина собата, а Камилски, откако погледа каде и како се сместени неговите книги, небаре посакувајќи им добра ноќ, се врати во празната соба 17, најпосле да спие сам без книгите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стилистичка особеност на неговите книги било декорирањето на некаков условен простор, исполнетост на текстот со оние карактеристични детали, при кои светот оживува.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа добро знаеше дека Татко е некаде тука, во сите негови книги, небаре не е постојано во смртта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Многу години по Татковото заминување, кога ќе светнеше жолтата ламба среде татковите книги, ние верувавме дека Татковата душа е тука, крај неговите книги кои таинствено, во долгите ноќи, продолжуваше да ги прелистува Мајка... ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татковата потрага се исцрпуваше во неговите книги за кои сметаше дека ја дополнуваат вистината на балканскиот човек, а Мајка сметаше дека најголемата книга си беше самиот живот, која беше најцелосна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татковата тишина најмногу се криеше во неговите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Еднаш на Татко му раскажуваше дека многу одамна сум се врткал околу неговите книги.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
На српско-хрватски има преведено неколку негови книги, додека тематов (што ќе се продолжи и во следните две Маргини) е прво „појавување” на Леинџ на македонски. R.D.LAING R.D.Laing Универзитет извадок од книгата „Wisdom, Madness & Folly” На крајот на средношколските денови морав да ги преиспитам работите, да согледам до каде сум стигнал, и на каде одам.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Како што умирале јунаците од неговите книги.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
А Татко веруваше дека во неговите книги се криеше вистинската драма, до чиј расплет се доаѓаше и според редот по кој се читаа книгите.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Требаше да се трага по смислата на неговите книги во неговата библиотека, во нивниот распоред и односи со другите книги, требаше да се трага низ еден лавиринт, за да се најде некаков излез, или влез во друг лавиринт, да се живее само низ утехите на потрагите, да се има спокој на надеж само на крстопатите на балканските лавиринти.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И сега веруваше дека само во белите страници на неговите книги се крие човековата среќа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко долго време го подготвуваше ова патување во алхемиската лабораторија на неговите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татковата лабораторија на големите балкански идеи, неговата подвижна егзилска библиотека, ми беше оставена во наследство со сите тајни, со татковиот дух запрен на страниците на неговите книги, што требаше да се прелистаат и толкуваат според оставениот распоред.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како метафора во една песна звучеше сосема прифатливо - и стариот писател ме погледна со многу попријатна насмевка од онаа што ја среќавав на страниците на неговите книги, но сепак, перчето тага во очите беше нагласено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но кога за време на фашизмот беше принуден да ја напушти Албанија со семејството и да го минеме ноќе Езерото со еден стар чун, станувајќи засекогаш емигранти, оставајќи куќа и земја, ние можевме да ги понесеме само неговите книги собирани во Цариград, како и француските книги од периодот на Големата војна во Поградец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие ми пишувате Издавачот... ми предлага да барам друг издавач.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја прочитав и неговата книга за солунските сефарди и неговото семејство под наслов Видал и своите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ме прашувате дали го познавам Франсоа Масперо и дали сум ја читал неговата книга Балкан-Транзит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Господине, Простете ми за ова писмо од необичен вид и со евентуални погрешни процени.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кажете ми дали знаете за него или за неговата книга?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Си велам исто така дека вие можеби знаете за овој автор, и можеби ги имате неговите книги; во тој случај ќе најдете некого кому да му ја подарите книгава што ви ја испраќам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но јазикот на алхемијата на неговите книги беше јазикот на неговите соништа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Рленет од неговата доминантна филозофска теза дека помеѓу природните и историските феномени постои рамнотежа чие одржување е битно во одбраната на животот на рланетата Земја, неговата книга Видал и своите, ја читав како своевиден антрополошки роман, со силна картезијанска објективност, за откривање на сефардското балканство, кое по многу свои автентични компоненти ми беше блиско, прифатливо, дополнувачко.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Трагајќи по неговите книги јас го откривав неговото време, дополнувајќи ја библиотеката со книgите на моето време.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Грижата стануваше постојана, интегрална.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откривајќи го делото на Едгар Морен, преку неговата книга Видал и своите, сага за балканскиот и европскиот егзил на неговото семејство, чија централна личност е неговиот татко Видал Наум, јас воедно го проширував хоризонтот на мојата потрага по татковиот балкански егзил.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во потрагата по тајните на неговиот живот низ неговите книги јас дојдов до неверојатни чудесни откритија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Откако ги прочитав неговите книги јас постојано им зборувам на сите во кругот на моето семејство и на моите пријатели, ги позајмувам, ги подарувам: дадов еден примерок и на една орштинска библиотека.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
МАТЕЈ: Оригинал. (Пауза) БОРИС: (Листа книга) Ова е негова книга?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Рохер Шатук, во неговата книга The Banquet Years, го опишува Жариевиот став по оваа идеја: „По неговите нечуени лудувања, тој честопати коментираше... „Не ли е тоа прекрасно како литература?“
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)