негов (прид.) - кошула (имн.)

Јас зедов да перам мои ситни работи на рака и една негова кошула со куси ракави.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Некој му го соблекол шијачното палто и му го преврзал рамото со ракавот, скинат од неговата кошула.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Кога домаќинот уште еднаш го фати со немирните прсти копчето на неговата кошула, не издржа - околу нив почнаа да трчаат невидливи мачки со кучешки гласови и да се кострешат оџи во чии дворови се кријат митралези.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но, сега гледам, работите стојат поинаку, бидејќи вредностите кои ги држеше тој пред себе како црковни табли, всушност ги доживуваше како товар што насилно му е натоварен, а за неговите кошули и за огнот в куќа и во нас, и уште за сандаците за замрзнување на кои им скапуваше газерот, за разглавените капаци на клозетските шолји, за штекерите без жица за вземјување, за цевките ф-15 за одвод на водата од машината за перење и бигорисаните цевки за довод на топлата вода, за недоволниот притисок на водата во бањата и преголемиот притисок во неговите уши, за лековите за детето што не можеа да се најдат на рецепт, а можеа да се најдат еди каде, на другиот крај од градот,
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
" им извикна тој со насмевка раширена преку целото лице на насобраните брезничани кои беа заслепени од светликавата златна боја на неговата кошула.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)