негов (прид.) - крава (имн.)

Навистина неговите крави не беа добри полски, ами планински, ситнавки, но сепак треба да се знае до каде може да се оди со цената.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Од сите куќи најмногу ветеринарот Скрез ја посетуваше куќата на Цанул и најмногу својот бик го спаруваше со неговата крава; влегуваше ветеринарот Скрез со жена му на Цанул, Цанулица, во ќералот кај кравата, и додека кравата блажено подмукнуваше под бикот, блажено подофнуваше и Цанулица потфатена од ветеринарот Скрез.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Дури и маските ги врзуваше Мице кај неговите крави, а стоката од светијованот ја оставаше во дуќанот, да не плаќа ан параси.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)