негов (прид.) - лик (имн.)

Пред да се случи убиството на Никола, една недела претпладне, речиси сето Маказар ја нападнало црквата и ја уништило фреската со неговиот лик, како фреска на еден насилник и лицемер.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Главното беше тоа, што селаните разбраа дека Толе не е арамија за пари, ами се бори за нивно добро, за нивното ослободување од Турците, та така неговиот лик доби уште поголема симпатија насекаде.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Преку своите луѓе Организацијата разбра за Толевата работа и зеде решение да го прибере овој самоволен работник и да го исползува неговиот авторитет, бидејќи и времето веќе назреваше за масовна работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кај Ботеро, социјалната комедија не гаѓа грижи на совеста, неговите ликови се среќни накрај да бидат јавно, официјално, без никаков срам она што тие се во длабочината на душата; тие накрај се совпаѓаат со самите себе и тоа ги прави среќни.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неговите ликови никнуваат од противењето на Бога.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Статуетите на Сталин и значките со негов лик ми беа подарени во најголем број.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Цела недела цртање на неговиот лик и ништо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Секоја вечер пред легнување ја галев сликата, а моите прсти остануваа прилепини на неговиот лик и тивко си изговарав - Те сакам.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ги раширил рацете и не прегранал нас двете, се смее со целиот негов лик.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Неговиот лик е заматен, но го носи мојот шешир, а јас пак над сакото сум ја натнал неговата хавајка.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Додека за карактерот на Орце нешто се знае, неговиот лик ни остана сосема непознат.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мајка ми одново почна да ми ги кажува зборовите кои беа врежани во моите први сеќавања, а кои долго ги имаше заборавено: “Ќе беше подобро да не те родев.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Брат ми е толку долго мртов, така што сѐ потешко можам да се сетам на неговиот лик.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа почна да се смалува, дојде во возраста на која не го знаев, возраста од годините пред да се родам; се смалуваше сѐ повеќе и повеќе, на крајот станувајќи цицалче.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш во сонот ќе офнеше, како што офка болен човек, и јас се приближував до него, обидувајќи се да ги разберам зборовите кои ги шепотеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му имав речено дека читам додека тој спие, а всушност минував часови загледана во неговиот лик.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Прости ми,” рече. Неговиот лик полека започна да се менува, почна да се враќа во времето, години и години наназад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога мама го раскинуваше неговиот лик, почувствував дека не ми го уништува само единствениот опиплив спомен од него, и не само единственото нешто преку кое се потсетував на неговиот лик, па оттогаш натаму неговата коса, неговите очи, неговиот лик, беа само нејасно сеќавање; јас во тој миг почувствував дека таа со тоа раскинување го уништуваше и она ветување дека разделбата не е вечна. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Помина со раката преку џебот на фустанот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
ЛУКОВ: Вие секако многу добро се сеќавате за неговиот лик, неговиот од, воопшто за...
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
И писателите беа помилувани, од страв дека ним може да им се случи истото што и на познатиот Нобеловец С.Р., кога лик од неговата последна книга најпрвин го врзал гол за неговата работна маса, вербално злоставувајќи го со најздодевните реплики, и читајќи му ги, со особено навредлив тон, пасусите со бескрајни описи на само едно дрво (по кои писателот беше особено познат во упатените кругови), за на крај да му го направи истото што и авторот му го сторил на неговиот лик - го фотографирал во таа, а и во други деградирачки пози, и потоа фотографиите ги ставил на Фејсбук, зачинувајќи ги со злобни коментари.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Како било можно времето кое толку ја сакало двосмисленоста, кое повеќе зборувало за Протеј отколку за Аполон, повеќе за казаустиката отколку за Апсолутот, за кое сè и секој биле реверзибилни, па и самиот грев, за кое сè имало (барем) два аспекти, да ја превиди сосема конкретната слика - староримскиот бог на вратата Јанус, богот на “почетокот” чие што седиште е Монс Јаникулус?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Овој бог со двократно лице веќе во Рим бил предмет на прециозни прикажувања, а неговиот лик бил чест декоративен мотив. 218 okno.mk Веќе Леонардо во цртачките експерименти во Kodex Atlanticus лицата ги подвојувал и прекршувал.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
А Змејко го изнаоѓаше неговиот лик во секое катче, во секоја шега, сеќавајќи се просто како натопен во него, сигурно затоа што и целата таа зградичка беше натопена од здивот на оној старец Дука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во своите мисли Арсо си го беше оформил неговиот лик: некакво исушено суштество, измршавено лице, обраснато со ретка брада, над неа се покажуваат јаболчните коски.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Начинот на употреба - испечатен на лист во коверт од кој се смее неговиот лик. И со златни букви е испишано: „Лечам од сѐ, освен од љубовна болка“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога дојде тогаш во ателје, сликарот со неговиот лик покри стара слика: зелена долина и две дамкави стебла.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Јаката му наликува на раширено ладало и главата стои врз неа како одсечена; сонот го позајми неговиот лик за оваа улога.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Четвртиот - не, неговиот лик на борец, градител...
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Чудно е, слепиот го гледа звукот на спирала, повит е што се јази по голем и тежок шандан со свеќа на врвот, лојаница врз смирено чело на некој со негов лик.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Кога дојде тогаш во ателјето, сликарот со неговиот лик покри стара слика: зелена долина и две дамкаво стебла.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Неопходно е да се обележи една уметничка особеност на сите книги на Набоков: секој негов лик може да изговори прекрасен афоризам или да биде автор на некоја остроумна уметничка идеја.”
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
- Дедо го има неговиот лик...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Потоа го симна од ѕидот и огледалото во кое Илко се огледуваше и во кое ѝ се пристори како да ѝ се присенува неговиот лик.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
На аголот на Грант и Томпсон, на долгиот шанк на „Кафе Ноар“, можете во живо да ги видите неговиот лик и тело.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Уште многу ќе страдаат, кутрите, си помисли, сеќавајќи се на сликата на Сталин во нашата куќа крај реката, од која нѐ спаси бришејќи го од правот неговиот лик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се раѓаше полека неговиот лик, се оформуваше споро - како пиле во јајце.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Но тоа не беше негов лик.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Тогаш го чу неговиот кикот, вриската на разигран коњ, на стомакот ја сети топлината на неговите раце, на ушната школка допирот на здивот, но огледалото не можеше да ѝ го открие неговиот лик.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Контролорот! Тоа беше неговиот лик.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Понекогаш сè продира во него, во неговиот лик. (И тој се гледа како мртовец што чекори.) На централната свеченост, додека ждребците потскокнуваат по тактот на тапание, веднаш ги забележуваат двајцата прастари играчи, обајцата без маска, без украси, само со завиткано парче бело платно во рацете.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Ме парчи некој чекрк и неговиот лик ми се замаглува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Често во неговите наследени книги со старо турско писмо, пепелта од неговите цигари при занесните читања се истураше и врз синкавите персиски минијатури, арапските арабески, небаре неговиот лик беше засекогаш заробен во нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Неговиот лик беше пред мене и додека мижев.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Посматрајќи го, не се интересираше за поединостите на неговото лице туку сакаше да го добие и изразот општиот впечаток што неговиот лик го имаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)