негов (прид.) - мир (имн.)

Имаше нешто полно и глуво, нешто сосема решено и тупо од тоа, како некој полн, глув одзвук, сиот тој мир околу него, и сиот негов мир; тоа му го придушуваше здивот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се плашите од неговиот мир.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Во неговиот мир нешто не е во ред.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но, сега, што да прави? Управникот се втурна во неговиот мир толку ненадејно, ги урна неговите сигурни ѕидини како да се од картон.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)