негов (прид.) - немоќ (имн.)

Арсо сакаше да биде задоволен дека сепак неговата немоќ е корисна за Глигора.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Били, всушност, е идеалниот за една ноќ, надарен со тело достојно за идолољубив восхит, но не баш зaбавeн да ти биде тука на појадок изутрина. (За што тоа, бога ти, ќе разговараш со него?) Мелвил ја нагласува поентава со тоа што го направил пелтечлив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Пожелноста на Били е токму сразмерна со неговата немоќ да говори.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кутриот Бургиба, остана во првата фаза, неговата немоќ да владее, односно менталната попреченост, дојде со староста и болеста беше прекината со државниот медицински удар...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Според Емил Сјоран да се мине од волјата да се биде прв во државата до состојбата да се биде последен, значи да се мине низ мутација на гордоста, да се замени динамичната со статичната лудост.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа негова немоќ да продре подалеку од стварноста во која живеат луѓето во него предизвика таква тензија поради која тој почна да станува раздразлив, додека таа во тоа време почнуваше да дејствува сѐ посмирено и постабилно.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тие се израз на неговата немоќ да овладее со силите што самиот ги привикал и самиот ги довел на власт за веднаш потоа да стане нивна евтина играчка, предмет на нивно иживување.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Сочувствувај со страдот на Болен Дојчин Кога ќе утврди Дека неговата немоќ во него се наоѓа: Не е веќе ни брз, ни цврст, ни величествен.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Каква ли улога замислува Игор Лозински за него кога ја знаеше неговата немоќ и емигрантска судбина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)