негов (прид.) - одговор (имн.)

Невестата Митра кладе борина на светелникот, задоволна од неговиот одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Тепањата сега се разретчија и претставуваа повеќе закана, ужас во кој ќе биде вратен во секој момент кога неговите одговори ќе бидат незадоволувачки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Му олесна, и сеќавајќи се дека братучед му Шишман со камче погодува гуштер в око, беше сигурен дека е тоа неговиот одговор.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го чекаше нестрпливо цел ден за да може да му се јави на дедо Иван и да го чуе неговиот одговор. Една вечер донесе изненадување.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
ЉУБА: Сега веднаш ќе ѝ кажам. (Излегува.) МЕШАЕВ ВТОРИ: И бидејќи му напишав дека ќе допатувам со вечерниот брз воз, од неговиот одговор заклучив, дека приемот кај госпоѓа Опојашина е вечерва.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вечерта кога печевме класја тој ми подрече дека се плаши оти неговото присуство можеби ми пречело.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неговиот одговор ме зачуди.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ми се чини дека нема да ми биде полесно да научам да се движам помеѓу луѓето - рече.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Кажи го и она, другоно. Неговиот одговор!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Тој кажа за мене – изусти Анѓа и го погледна татка си. – Ако не го примаш неговиот одговор, тогаш слушај аго – што не ти е драго: НЕ, НЕ и НЕ!
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Мнозината луѓе, до одредена граница, се во хипнотичка состојба.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но, жената била потполно зашеметена од неговиот одговор, речиси до точка на хипнотизираност. 64 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иако не сака да го лути акробатот, знае дека неговиот одговор, каков и да биде, ќе предизвика лутина.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А и на судијата изгледа му беше сосема сеедно каков ќе биде неговиот одговор.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Што се однесува до Виктора, неговиот одговор го знае: „Јас, батка, таквите работи не ги бројам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)