негов (прид.) - пациент (имн.)

Неговата ќерка сепак беше негов пациент; му ги соопштуваше своите тајни, надевања, соништа и копнежи, согорувајќи ги пред да станат вистински копнеж по кој би тргнала, и со кој би се одвоила од него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со него некогаш се однесуваше како со татко, некогаш како со сопруг, некогаш како со дете, најчесто како со научник.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа зимско утро кога ме посети Ана, ми кажа дека со Зигмунд ќе одат на бања, а пред тоа ќе останат неколку дена во Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога дојдовме на доктор, јас се удрив во него, во неговиот пациент и турнав една масичка.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Штом е така, одиме на доктор, - реши мојот татко.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Дали беше навистина зафатен со научна работа или беше само загледан во таванот како и секој негов пациент легнат на болничкото легло без рамки и поткренат душек кај зглавјето место перница, тоа можеше само да се наѕре од сутеренското прозорче што гледаше кон скалите на клиниката, но кое перманентно беше затестено од прав бидејќи беше недостапно за четките на чистачките.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)