негов (прид.) - пиеса (имн.)

ЈАКОВ: Големиот драматичар. Некои го викаат бог. Ние сме ликови во негови пиеси. Суров е. Не ги сака луѓето. Пишува лоши драми.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не смеам, најпосле, да ја испуштам од оваа листа и маратонската седумнаесетгодишна кореспонденција помеѓу Оноре де Балзак (Honore de Balzac) и убавата полска грофица Евелина Ханска (Ewelina Hanska), која, по неколкуте негови безуспешни обиди да ја ожени, решила да стане госпоѓа де Балзак дури четири месеци пред смртта на славниот писател; најискрено: откако пред многу години прочитав само дел од писмата што Балзак $ ги испраќал на госпоѓа Ханска (и тоа во енормни количества), затрупувајќи ја со информации за луѓето со кои се гледал, за својата облека, за долговите што треба да ги плати и (одвреме-навреме) за книгите што ги пишува... не можам да ѝ се изначудам на кутрата жена! ***
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
БОЖО: Каде? За разлика од дното во неговата пиеса, ова е цврсто. (Удира со нога по подот.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Таа прво се уплашила за здравјето на дојденецот, но кога овој почнал да и поставува прашања од типот дали го познава Бихнер и дали ја читала неговата пиеса, сфатила дека на дојденецот му треба помош, ама поинаква.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)