негов (прид.) - подвиг (имн.)

Неговите подвизи постепено беа поместувани назад во времето, сѐ додека не допреа до чудесните четириесетти и триесетти години, во кои капиталистите, со нивните необични цилиндрични шапки сѐ уште се возеа низ улиците на Лондон во големи блескави автомобили или во коњски запреги со стаклени врати.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Неговите подвизи остануваа сегде зад него, зад секоја негова стапка, трага на див вепар, а тој не им го знаеше името.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Мислев, Долнец е негово родно место, и негов подвиг е тамошната голема брана со езерото, па таму треба и да почива.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Јован беше слушал за Толета, но лично се немаше ставено со него да се запознае, ама ако лично непознат, тој си дозволи слобода и почна да им раскажува на присутните за Толета и неговите подвизи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Затоа која уста да ја искаже сладоста на неговото учење, а кој јазик ќе може да ги каже неговите подвизи и трудови и добрината на неговиот живот.
„Пофалба на нашиот татко и учител словенски Кирил Филозоф“ од Климент Охридски (1754)
Неговите подвизи беа чудните жени во неговиот живот, чудната смеа на неговите волчи заби, чудната крв под неговата темна кожа.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Полека сфаќаше: неговиот подвиг во паркот со мускулестиот Мирон беше далечен, се забораваше, а двајцата мали сектанти бараа докази за својата вера.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)