негов (прид.) - поезија (имн.)

Но би било вистинска творечка сатисфакција ако ја нема разликата во единственоста и континуитетот на моето чувствување и доживување на Рацина и неговата поезија.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Една од трите книги поезија посветени на главниот инспиратор на неговата поезија, се вика „За Елзините очи“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Г.Атанасовски е млад поет и ова му е прво објавување; неговата поезија има одредени слабости, но нејзината вредност се состои во снажниот и автентичен бес и револт, во прилично неартикулирана форма толку карактеристичен за помладите скопјани.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сепак, Тасо сѐ уште не е “кончетист” во смисла на субјективниот “кончетизам”, но кончетто е во средиште на неговата поезија и неговата поетска теорија.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Што се однесува до неговата поезија, се сложувам со она што е пишувано за неа.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам, ако ги имате прочитано тие оценки, сигурно знаете на што мислам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога Махмуд Дарвиш ќе пее од затворот со голема носталгија за топлото лепче и кафето од рацете на својата мајка, тој го изразува големиот трагизам на својот егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше за мене исклучителна привилегија, покрај претставувањето на неговото поетско творештво во Катедралната црква Света Софија во Охрид, да ја дополнам живо, вон јазикот на енигматичните медиуми, празнината што ја имав за настаните по напуштањето на малата палестинска држава во Тунис и збогувањето со Јасер Арафат...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Неговата поезија трага по светлината на надежта. Таа може да ги размести кандилцата во мракот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Летото пред да се сретнам со Махмуд Дарвиш на брегот на Охридското Езеро ја читав и преведував неговата поезија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пријателството со Махмуд Дарвиш и неговата поезија го одржуваа жив мојот однос кон палестинското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но со завршувањето на мисијата и на мојата скромна улога во неа, остануваше да живее драмата на човекот, на луѓето, кои ми станаа блиски.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)