негов (прид.) - покана (имн.)

Еве, дури сега, пред портата на Саемот си го постави вистинското прашање: зошто неговата покана втаса во последен час?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Му се стори како да го виде на нивните лица она што ќе го предизвикаше таа негова покана, се сепна.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
При минатата посета, кога му реков на Роман Саздов Грофот дека доаѓам врз основа на неговата покана за да дадам некаква изјава, (се разбира, не му го изрецитирав и бројот на канцеларијата во која требаше да се јавам според поканата), Грофот ми објасни дека не треба да им обраќам преголемо внимание на таквите формалности.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира дека не ја одбив неговата покана.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Јас не сум бил повикан како сведок, а ваквите состаноци за него не претставувале покани за изјави туку обични визити на кои тој ги претпочитал разговорите и размените на мислења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)