негов (прид.) - полубрат (имн.)

17. Еден ирски јунак чијашто мајка беше почината, доби задача од својата маќеа да тргне на пат до островот под морето и да донесе златни јаболки што таму ќе ги пронајде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Метежот во Грција го однесе неговиот полубрат, а него го чувал Господ, се врати жив и здрав поминувајќи речиси половина година во пијанки горе во рамната земја, во Гаково, додека не се врза со Павлина, бележана во срцето уште од селото.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тој, всушност, ќе стане жртва на старата кавга помеѓу татко му и неговите полубраќа.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ќе пронајдеш во него метално топченце. Фрли го пред нас и ќе појдеме по него каде и да оди“. Принцот без двоумење направи што му беше речено и така, водени од случајот, тие пребродија многу опасни ситуации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако не успее да се врати за една година, ќе го изгуби правото на престолот, кое ќе премине на еден од неговите полубраќа.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)