негов (прид.) - постапка (имн.)

(...) Бартелми нѐ принудува да ги напрегнуваме интелектот и имагинацијата, а на крајот нѐ остава збунети; неговата постапка мошне наликува на онаа на Ешер во делата како што се Конвексно и конкавно и Коцка со магични траки, кадешто воопшто не сме во состојба едновремено да го видиме и конвексното и конкавното.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа не се возбудуваше од неговите постапки спрема него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоа го правеше некако систематски: откако ќе се присвлечкаше кон господинот Гроздановски, му се загледуваше в очи како да проверува дали тој ја одобрува неговата постапка и потоа пак се свлечкуваше уште пет до десет сантиметри кон него.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Затоа на сите им олесна, сите ја одобруваа неговата постапка, тоа го сметаа за најдобро решение, кога Мусли бег отиде и им понуди, ако сакаат, да работат на неговиот чифлиг.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Небески суштества ѝ доаѓале во сонот на мајка му и препорачувале од она што го имаат земено една третина да подарат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имаше и еден друг кој тврдеше дека во неговите постапки со подароците имало нешто анѓелско. Такви знаци иделе озгора.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Малиот едно време остана вчудовиден од таа негова постапка.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Змејко не ја сфаќаше многу радоста во очите на младичот со таа негова постапка, бидејќи тој не можеше ни да замисли да постапи поинаку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По детето му одговори дека ни тој не се согласил да дојде сам, знаејќи уште посигурно од таа негова постапка дека стариот е толку проклето, но и толку неодменливо готов.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од неговото лице и од неговите постапки сами од себе исчезнале сомнежот, нерешителноста – со еден збор сите колебливи и неодредени црти.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Природно, секоја негова постапка одеше во крајност, што во почетокот изгледаше и забавно.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Неговите постапки како државник-мислител беа парадигматични за повеќе земји, вклучувајќи ја и Југославија VII Се враќав на Балканот по завршената дипломатска мисија крај Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Што и да се случеше, тој исчезнуваше и никогаш повеќе не се слушаше ниту за него, ниту за неговите постапки.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чинеше дека колку поневолни беа неговите постапки, свесноста за она што го прави станува сѐ појасна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да не се пожалиле селаните, па сега ќе му судат за неговите постапки?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Притоа, сакам посебно да укажам на неговата постапка, објаснуваше професорот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Всушност неговата слабост се состоеше во тоа: да го зголемува значењето на секоја ситница што ќе ја изречеше некој друг а се однесуваше на него и на неговите постапки или недај боже слабости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Знаете, напати, кога ќе си ја дозволеше слободата да избувне веќе во идниот момент ќе се сепнеше: - Како да претерав малку, а?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури ни не втасав да се запрашам: Што најмногу го погоди од моето однесување?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, во неговите постапки имаше некоја посебност : мислам на онаа негова желба да остави впечаток на угледен и фин.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не гибајте во мојата привидна отсутност! е пораката што ти ја испраќа неговата рамнодушна насмевка додека поминува негде покрај тебе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Морам да признаам, не можев да ја одредам причината за неговата постапка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мислам дека во нашата единствена заедничка ноќ сфатив дека тој ги носи во себе разочарувањата што само иднината може да ни ги предочи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дали во сите овие размисли согледував сличности помеѓу неговите постапки и однесувањето на Загорка Пеперутката што ќе ги откријам подоцна?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А проблемов уште повеќе се усложнува кога и самиот ќе заклучиш дека однесувањето на службеникот е коректно и сите негови постапки се разумни па нема да те изненади дури и ако ти се обрати со предупредувањето дека немаш право да ја вознемируваш неговата присутност, тој овде се наоѓа на тешка и одоговорна задача!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не велам судбински или нешто слично бидејќи Пеперутката не беше по зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Впрочем сите негови постапки а и однесувања, на кои и не им обраќавме внимание или ги оценувавме како несоответни, ги потврдуваат ваквите мои размисли.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ѝ припаѓаше на онаа група несреќници кои живеат некаде во времето пред нас, во настаните кои допрва треба да се случат, па оттаму можеби и погрешното сфаќање на неговите постапки таа вечер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се разбира, таквата негова постапка не ѝ ја навредила гордоста.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Неколку гости во една кафеана се засркнаа, згадени од неговата постапка, па Ц задоволен од исходот тргна кон својата куќа планирајќи го новото утрешно заљубување.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во неговите постапки имаше забележителна решителност.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Како да имаше неуморна желба некој да страда од неговите постапки и некој постојано да страда за него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не го лажев, колку-толку се трудев да бидам фер, без разлика на неговите постапки, јас стоев на своето и бев верна на сопствената личност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Како краен одговор од сите негови постапки следуваа очекуваните пораки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Секако, бев многу лута на таа негова постапка.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- А што се мешате вие? - дрско им одговори славејот на сите што не ја одобруваа неговата постапка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)