негов (прид.) - прашање (имн.)

Но Геро продолжи, без да го забележи тоа кај Ване и без да го дочека неговото прашање.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа негово прашање истовремено значеше дека од сето она што пред тоа му го изрече Бојан, речиси ништо не сфатил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ако во New York Times фотографијата на убавото тело со наслов “Body Consciousness” (што и да значи тоа) по големина за неколку пати ја надмавнува фотографијата на свежи лешеви некаде во Босна, тогаш е сосема нормално Американец (а тоа ми се случи мене) да прави вежби додека вие одговарате на неговите прашања за “таа војна на Балканот”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така наредил другарот Денков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Постојано имај на ум дека молчењето е правило што мора да се почитува“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури откако ќе го задоволи љубопитството со некое воопштено прашање и забелешка посмирено објаснува дека треба да побрзаме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Паметам: еден од чуварите, веројатно со добра намера, ми рече: „Овде молчењето е на цена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А тоа ау ау се јавува само помеѓу неговите прашања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Што знам за татко ми, нели прашавте пред малку?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Најгласното во неговите прашања ми се чини е изненаденоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оваа напомена ме прави внимателен и подозрив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Очигледно очекуваше одговорот на она негово прашање: што сум знаел јас за татко ми?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа помислува дека не сум го сфатил, затоа повторува дека треба да се јавиме во канцеларијата на Денков. Тој лично нѐ чекал.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Молчев на неговите прашања сѐ додека не ќе се налутеше: - Седни, придавко вечна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Кога ја подадов главата од отворот на шаторот за да го видам непознатиот човек, татко ми на неговото прашање рамнодушно ги крена рамењата.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сакав на неговото прашање да одговорам со прашање: „А публиката, што велиш, дали таа ќе им се допадне на актерите?
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
На неговото прашање „Каде сум?“, мислата му го пронајде познатиот рефрен...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Почувствува како ја облеа пот кога не знаеше да одговори на ниту едно негово прашање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А тоа негово прашање остана да виси без одговор и да го дебне со својата неодгатливост сета ноќ, исто како оној остар месец. Исто како оној мршар, долу, под него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На тоа особено ме наведе неговото прашање: „А, што рече?, кога јас ништо не реков, ниту пак одговорив на тоа прашање кое тој го продолжи со нем испитувачки поглед.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Не се тоа некакви неговите прашања што задаваат особени тешкотии (ужасен израз, мисли Лука кој се обидува секој збор да го одмери на дланката па со него или да се зближи или да го отфрли, веќе спрема бојата, мирисот или допирот), но комуникации ненадејно како да изникнува некое валкано стакло помеѓу него и она што го чита, па оттаму нетрпението, прочитувањето насила, обидите да се провали вратата и на крајот величенствен лет на часописот или книгата до најблискиот ѕид, следен со пад и едно влажно плоф.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Јас, Хелвиг, сега најмногу би сакала свое дете, - рече, не одговарајќи директно на неговото прашање.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од секого добива по една притворна насмевка и краток одговор на неговите прашања; ама колку за бериќетот сите како под команда одговорија дека годинава бериќетот е слаб.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мајка, откако се поздрави со загрижениот Гури Порадеци, не дочекувајќи го неговото прашање каде е Татко, му покажа со раката дека е горе, со книгите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Неговото прашање изгоре се околу себе. И нечуениот одговор.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Пела му враќа чиниш навистина го разбрала неговото прашање Не, навистина никој не дојде со кученце или друго милениче, мајките ги држеа за рачињата како што мене ме држеа мајка Пелагија и баба Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
И неговите прашања си ги слушам како свој одговор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сите ми се петки, - реков, предвидувајќи го следното негово прашање.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Мамо, направи колач? Готов е? – прашува без да каже ни добар ден, а и без да помисли малку на нас другите, што правиме, што нѝ се случува, дали сме воопшто расположени да одговараме на неговите прашања, а, на крајот на краиштата, и дали сме расположени за неговото присуство.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)