негов (прид.) - прикаска (имн.)

Не само што неговата прикаска бараше дополнување туку на авторот му недостасуваше објаснување на подметот на прикаската – тој, благодарение на записите од „тефтерот“ знае кој е заедничкиот непријател на таткото и сонот Бранови, но тој податок сам за себе е недоволен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А беше и нестрплив да се реши од оваа тегоба во којашто доброволно па дури и со ентузијазам влезе заради доброто на неговата прикаска.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сега, во кафеана до врвполна со нејасно и згуснато жожорење, се сеќавам на неговата прикаска и го слушам или го измислувам морничавиот разговор помеѓу двајцата ранети: во нив се наталожува мраз , кора врз кора, и сепак се живи, ги држи омраза, еден мора да умре пред ругиот, тоа е нивна правда и нивен закон.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Тогаш можело од трупиштата да се соѕида кула до ѕвездите.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во секоја негова прикаска 'ртеше семе на нов настан.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тогаш ми раскажа, иако јас сето тоа го знаев поинаку, онака како што го раскажуваа денгубите старци во Кукулино, не ќе си ја смират ли душата со туѓи гревови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сликарот со потсмешливост се обиде конвенционално да ја заврши неговата прикаска.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Неговите прикаски ги сакам - неуверливи се но течни, смислени, проникнати со искрено верување.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)