негов (прид.) - пријател (имн.)

Исто така има повеќе и за личните истражувања на Сандерс, како на пример за ефектите на Е врз цртањето.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Резултатите - начкртаните „пред и по“ автопортрети од неговите пријатели - во моментов се изложени во Единбург.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Санде целата работа, со дозвола на Никола, му ја препуштил, со полномошно, на некој негов пријател Турчин, кој, меѓутоа, работата ја свршил така што чифлиците не се продале, туку успеал да ги препише на свое име и да ги присвои.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше нешто гротескно во судбината на сега веќе куциот човек и на уште неколкумина негови пријатели кои, во една вејава зимска ноќ, во времињата кога земјата беше затворена за патувања и преселби, тргнаа да бегаат преку граница, преку Каба Планина, кон Грција, а оттаму, како што веруваа, во Америка или во некоја друга слободна земја.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Грегор, Грегор ... добро ли си? Го потапка по грбот неговиот пријател Мел, исплашен дека ќе се задави.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Иако го ослободуваат од обвинението, не прифаќа повторно да биде учител и следните неколку месеци се повлекува во некој манастир покрај Виена, работејќи како градинар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На обвивката се наоѓаше голема налепница во облик на банана, што можеше да се излупи. (Првобитната идеја беше да ставам серијал од пластична хирургија, па ги пратив Малиот Џо и неговиот пријател Денис во медицинскиот архив да ми набаават фотографии од операција на нос, гради, задник, и останато - и тие се вратија со цел куп материјали.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
” (...) Тоа лето работев на обвивката за албумот „Велвет Андерграунд и Нико”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
После тоа, се свртува кон архитектурата и соработува со неговиот пријател Пол Енгелман во проектирањето на куќата за неговата сестра во Виена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Како што почнуваа да се донесуваат првите прописи со кои им се стеснуваат граѓанските права на Евреите, така и нему почнуваа да му се јавуваат негови пријатели, некои со кои и студирал заедно на универзитетот, тогаш немајќи ни елементарен поим дека се со еврејски происход.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Карер го помисли тоа, ги виде некои од тие пријатели на црно-белиот под среде убаво осветлената ложа, а потем се виде и себе си, исправен на нејзиниот симболичен исток, со свечената, богато декорирана престилка на мајстор слободен ѕидар, со околувратник што му ја симболизираше должноста во ложата и со бели ракавици на рацете, сѐ симболи на моралната чистота и посветеност на мајсторот масон.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Пред очите му излегоа некои од неговите пријатели што наскоро требаше да станат жртви на еден хир.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сигурно Ѓорче ќе ни каже — промрмори Сарафов, иако знаеше дека никаква помош нема да дадат неговите пријатели.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тоше и Милан покаснаа од тоа што беше останало и бргу отрчаа до „Висока".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Не а бива ваа со Толета, луѓе, — почна неговиот пријател Гуле.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А тој лесно не се дава в раце, па не е ни право да го дадеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој не го ни допре сликањето, дури ни на секундарно ниво, како на пример неговиот пријател Булатов којшто ја плагираше официјалната уметност.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Во меѓувреме, Лири си подготвил „табела за квалитетот на животот” во која со бројки секојдневно обележува колку ужива; кога ќе ја допре најниската обележана точка, извршителите на неговиот тестамент и неговите пријатели ќе треба да го исклучат од овој свет (крајот, претпоставува, најверојатно ќе го дочека врзан за машините за одржување живот).
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Рудолф, како и многумина од неговите пријатели, останал неженет, а владеел долго, триесет и шест години.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
На следните неколку страници ќе имате шанса да прочитате неколку „литературизирани“ извадоци од радио-драмите коишто господинот Станковски (Кракатау-Коала) и неговиот пријател Mars So (Каљостро-Волчар) ги фураа неколку месеци, прво на Студентско радио а потоа на Канал 103.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Досадни се и овие травеститиве преоблечени во авторитет...  Па, добро, Сашо, не е толку страшно, прашај го господин Страшо! (во тој момент во просторијата на Сашо, влегува еден негов пријател сликар, Чкртко-Шкртко Вртко Ртко ко „О“ што изгледа, а чие вистинско име Сашо ми забранува да го спомнам) Имаш стан, огромно дрво во дворот, другар што добро ги продава своите слики... (во разговорот се вклучува Чкртко-Шкртко) Чкртко-Шкртко: Ма, макетонецот е генијален уметник, само не го бидува за организација, за бизнис, за политика...  Не заебаај, Твртко-Вртко, ти мал маусдонецу ко мравка вреден!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Татко беше навален со лицето над самото биро, врз неколкуте отворени страници од последниот Медицински гласник што му го донесе дента неговиот пријател.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој с уште ништо не рече, а неговиот пријател нестрпливо продолжи: - Ми ветија, од Медицински гласник, на лекарското здружение, дека ќе воведат нова рубрика за историјата на медицината и, во секој број, ќе објавуваат по еден текст за лековитите билки.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко имал сила уште само да ја замоли да врати некои позајмени книги од негови пријатели, други да подари, но да му остане верна, колку што е можно подолго, на последниот распоред на неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Не само над планините, не само над колибите, туку и над Скопје, и над улиците и над доловите и над училиштата каде што сега се движат неговите пријатели.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Под керамидата беше станот на неговиот пријател од градот, врабецот Џив.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Незнаењето на неговите пријатели уште повеќе го поттикна стариот професор со патетичност во гласот да рече: „Па... Можеби и не постои“, рече господинот Гроздановски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тоа самиот Словенец и го расакажал кога преспал една ноќ кај нас).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Толку недели и месеци морал да носи токму такви тежини на десното рамо! (Добро, тој никогаш го нема спомнато тоа, но мајка ми ми има раскажувано за неговиот пријател Словенец и за цевката од минофрлачот што Даскалов честопати ја земал на своето рамо за да му помогне.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И неговите пријатели, кои го сочинуваат неговиот свет, исто така се луѓе како него, водоводџии, малтерџии, молери, дрводелци, електричари, мајстори за покриви на куќи, и луѓе што го снабдуваа со тули, цемент, вар, песок, дробен камен, тер-хартија, железарија и дрвена граѓа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Фјодор веќе беше безнадежно недофатлив во своите желби и својот респект уперени навнатре.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обидува да напише писма до Фјодоровиот пријател писател и Фјодоровиот пријател доктор за да ги праша дали знаат нешто за оваа болест на лебдеење за која тешко се осмелува да го испише зборот “болест” но сепак го испишува - повеќе од страв отколку од потреба.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неколку минути подоцна силовито се отвара вратата на спалната соба и бупнува Фјодоровата глава; неишишана, неизбричена, црвена, со разгорачени очи и со уста спремна да каса. -Каде се моите пари!!!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Задниците на овие две жени беа тврди и обли, што е една навистина пријатна одлика за билокоја жена помеѓу 14 и 50 години.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Навистина, тој повеќе пати предупредувал една од своите девојки, Беатрис Вуд, млада актерка која што ја сретнал во Њујорк во 1916 (и која се уште е жива), никогаш да не ги меша сексот и љубовта, што според неговото мислење таа го правела во нејзината неуспешна врска со неговиот пријател Хенри Пјер Рош. (7) 110 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор спие. Во сон ја голта кашата од банани. Личи на џиновско бебе паднато од звездите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Конечно пронаоѓа пар карирани панталони со три мали дупки на кутелот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Според неговиот пријател писател постојат две врсти на госпожи Сенки; првата врста е сиромашни госпожи Сенки кои мирисаат пријатно но не толку пријатно како втората врста, а тоа се богатите госпожи Сенки.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор е дебел Ван Гог - мислеше многу тивко неговиот пријател сликар кој пуши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Денот го мина дома чистејќи го подот од ѓубре и собирајќи ги паричките од 10 фенинзи со кои заедно со неговиот пријател сликар играа фанта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател сликар го врзува со долга врвка околу стомакот за да може од време на време да го симне од таванот и да го нарани со каша од банани која ја спрема три пати дневно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како резултат на тоа, разбирливо е што поголем дел од неговите интимни познанства со жени никогаш не прераснале во посериозна емотивна врска.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател сликар не ни помислува на противење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мириса на богата госпожа Сенка. „Госпожа Сенка“ според дефиницијата на Фјодоровиот пријател писател е жена која мириса пријатно.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Фјодор е сѐ повеќе во воздух; имено, неговите лебдеења се се подолги.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот дигестивен систем, неговите органи се всушност лавиринтот Лабрис за кој еднаш неговиот пријател пишуваше во дале-чните јужни краишта.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се сеќава дека во едно од поглавјата за Толоси неговиот пријател писател пишуваше нешто за овие феномени, но тоа беше така одамна што едвај и да се сеќава на тоа.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сега Фјодор веќе не излегува од својата сукња и од креветот. Ќе пролебдее малку низ собата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Неговиот пријател сликар станува и му го отвара шифоњерот кој е преполн со банкноти од по 1000 ДМ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овие две жени зборат германски што му е совршено блиско на Фјодор, но неговиот пријател сликар не разбира ни збор од нивниот разговор и затоа скромно седи во најтемниот агол од просторијата и пуши.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
- И се прекрстува. -Без нив твојот живот е ништо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Понекогаш неговиот пријател сликар го наоѓа заспан во левиот или десниот горен агол на просторијата.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Беше чудно молчалив.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Зачудо мириса пријатно иако неговиот пријател сликар не го избањал веќе се недели.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги одмерува строго и ги трга на страна - поклон за неговиот пријател сликар.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ќе легнеше на кревет и ќе читаше дела како „Битие и небитие“ и „Форми и вредности во модерната поезија“, одбивајќи ги со презир каубојските, порно и криминалните романи што неговите пријатели постојано му ги нудеа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сарафовиот комитет им давал повод на многумина што биле убедени во потчинетоста на Врховниот комитет кон дворецот и бугарската влада да тврдат дека зад Сарафов и неговите пријатели стојат бугарските штикови и дека револуцијата што се подготвува во Македонија е управувана божем од Софија и ќе започне со знак даден од кнезот Фердинанд и неговата влада.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
На оние граѓани што се сомневале дека Орце со неговите пријатели нешто подготвува, сега им станало јасно што било тоа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Гоце Делчев и Ѓорче Петров, откако сфатиле дека основна задача на Сарафов и на неговите пријатели - офицери била да го преземат раководството на Македонската револуционерна организација, за да ја насочуваат нејзината дејност според желбите на кнезот Фердинанд, му ја скратиле поддршката што му ја давале во почетокот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Татко ми никогаш не бил многу друштвен човек и кај нас ретко навраќаа негови пријатели и познати.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека почнав да излегувам од дома со мама – одевме на пазар, или кај татко ми во продавницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сара го прашуваше Зигмунд за него самиот, за студиите, за неговите пријатели, за тоа што сака да направи утре, а што по десет години, а тој кажуваше дека сака да ја разгатне загатката на човечкото суштество – сакаше да знае од што се раѓаат љубовта и омразата, што е она што ја создава желбата, како се придвижуваат мислите; “Можеби не треба да ги знаеме тие нешта,” велеше Сара, и минуваше со дланките по нозете, по фустанот кој ги покриваше металните апарати.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми веќе не излегуваше да прошета со мене, ниту пак играше надвор со своите врсници, затоа што им беа поминати годините на игрите; неговите пријатели понекогаш доаѓаа во неговото сопче, а кога тој излегуваше да посети некого од нив, мама доаѓаше кај мене и велеше: “Денес е убав ден,” ги поттурнуваше завесите и го пушташе сонцето да влезе во собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Понекогаш тој ќе препрочиташе некоја од книгите кои ми ги препорачуваше – ги сакаше Софокле, Шекспир, Гете и Сервантес; од мене бараше да не ги читам Балзак и Флобер, затоа што биле полни со неморалности; Достоевски, кого тукушто го откриваше, ми го забрануваше затоа што бил полн со мрачни мисли.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога правевме паузи меѓу читањата и одевме во дворот на библиотеката, брат ми ми кажуваше работи кои тешко можев да ги разберам, но сепак внимателно го слушав, бидејќи знаев колку му е важно некој да го сослуша, затоа што неговите пријатели беа посветени само на медицината, а тој сакаше нешто повеќе, тој сакаше да ги разоткрие тајните на човечкото суштество кои беа отаде анатомијата; Зигмунд беше уверен дека тоа растајнување би можело да се направи со вкрстување на разумот и чувствата, тој велеше дека и размислувањето, и чувствувањето се есенцијален дел од нас, и само при „соработката“ на тие два дела човекот може да се осознае самиот себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Утредента Сликарот ја крена слушалката и го повика во Сарајот Јусуф беј, неговиот пријател, професорот по Убави уметности од Истанбул.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Еден ден, Сликарот доби писмо што му го испрати неговиот пријател Јусуф беј, професорот по Убави уметности од Истанбул, а во кое пишуваше: Почитуван пријателе, На Вашата изложба во Сарајот на која ги презентиравме Вашите платна создадени во Истанбул, беше изложено и чудесното платно „Портрет на Непознатиот, со два детски лика“.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На масата на која седи мажот од првата слика, седат уште неколку мажи - негови пријатели.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Пред неколку години и тој, како и некои негови пријатели пред него, одеднаш доби желба да замине.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тој одамна избега од она што некои од неговите пријатели таму го сметаа за своја неизбежна судбина, оти отсекогаш знаеше дека таа земја повеќе е клетва отколку благослов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шокот на лицето на неговиот пријател уште му беше жив пред очи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По масата имаше расфрлани весници со потцртани изјави на политичари, до кои неговиот пријател имаше начкртано превод на англиски.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вистината пред сѐ, оти тој беше длабоко убеден дека кога ќе се разбере вистината, кога ќе се сфати дека тој не ја предизвика и не ја започна оваа војна, кога светот ќе успее да види низ лагите со кои го беа обвиле луѓето каков што беше неговиот пријател, таа вистина ќе го ослободи и него.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откако неговиот пријател, еден од подобрите вокали што ги познаваше, замина да работи во фабрика за производство на капачиња за тегли во Австралија, тој почна да ги чита Петре М. Андреевски, Живко Чинго и Ацо Шопов.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
„Вие, Македонците, морате да се помирите дека не можете да се справите со кризата“, неговиот пријател повторно одмавна со раката, дигајќи ги очите од нотесот, „затоа и НАТО е тука“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку само сѐ е банално, рече неговиот пријател, колку се излитени улиците по кои секој ден одат на училиште, колку се здодевни нивните животи стегнати во вечно повторливото секојдневие на провинцијата во која сме заробени со своето раѓање.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот пријател продолжи да се поднасмевнува, но сега отвори и еден мал нотес и со левата рака (понекогаш му се чинеше дека кај ниедна друга нација нема толку левучари како кај Американците) почна нешто да запишува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега не можеше да се сети на ниту еден од сите тие големи зборови, на ниедна од сите мудрости во книгите што ги читаа и ги препрочитуваа тој и неговите пријатели.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот пријател сè уште немо го гледаше неговиот излив на бес.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот пријател молчешкум го допи веќе изладеното домашно вино и, гледајќи го право в очи, му рече со сосема трезен глас: „Македонија ќе ја има!“
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговиот пријател само одмавна со раката – who cares, кому му е грижа, и кого, впрочем, го боли стапот...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Неговите пријатели стануваа сè позагрижени. Веќе се сомневаа во некаква психијатриска дијагноза.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Вудринг му се врати на стрипот нешто подоцна, со Tantalazing Stories, црно-бела серија на (еден вид) детски приказни, поделена меѓу неговите сопствени стрипови и оние на неговиот пријател Марк Мартин. (Во 106 okno.mk еден број, тие ги разменија местата и си ги цртаа карактерите еден на друг.)
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На многу места по снегот веќе немаше ни капка крв, но затоа пак неколку десетини чекори потаму тој беше целиот натопен од некое густо крваво избликување, и Змејко знаеше дека неговиот пријател напред застанал тука во својата разоденост да си ја излади раната и да здивне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, не тоа можеше да биде помислено за секој од сите оние поранешни самјаци, што ги имаше ловено тој, само не и за неговиот пријател напред. Беа само негови соништа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За малку што не отскокна од изненадување: да не беше појасот со којшто остануваше сè уште добро изврзан тој сигурно ќе се најдеше кај оној негов пријател долу.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Подавал рака како да сака да се фати за нешто што ќе го повлече кон некој ѕид со пушкарници на негови пријатели.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Двајца од оние што ѝ биле на главнината зад грб бегале обезглавени а оружјето им останало таму кај што биле вкопани, трет, постар човек со тажни мустаќи, се влечел мечешки по нив и ги молел да го земат со себе или да го убијат, да не го остават беспомошен пред бесот на каурите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател, безначаен сликар, пијаница и очајник, што освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Од другата страна, како придружба на Рада беше неговиот пријател докторот Виктор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А значајното лице, задоволно од тоа што ефектот го надмина дури и очекувањето, и сосема занесен од мислата дека неговиот збор може да предизвика несвестица, крадешкум го погледна пријателот за да дознае на кој начин го гледа тоа, и задоволно виде дека неговиот пријател се наоѓа во најнеодредена состојба на духот и дека и самиот од своја страна почнува да чувствува страв.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Опусот на Кафка има извршено силно влијание врз прозата на ХХ век со својата специфична, нестварна, ирационална и фантастична, т.н. кафкијанска атмосфера.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тој е автор на романите: Процес, Замок, Америка, сите објавени постхумно од страна на неговиот пријател Макс Брод, во 1925, 1926 и 1927 година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не си ги чувствуваше ни рацете ни нозете.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Стражарот одговори дека не видел ништо, то ест видел како го запреле среде плоштадот двајца, но мислел дека тоа се негови пријатели; а тој, наместо попусто да му вика, нека појде утре кај надзорникот, и надзорникот ќе пронајде кој му го зел шинелот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Единствен негов пријател и другар, се чини, беше силното и мошне верно куче Андруша.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од 1906 прави дрвени скулптури, теписи, ѕидни украси, слика портрети и актови на неговата пријателка „Додо”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Од 1911 до 1916 објавил цела низа значајни прилози во водечкото експресионистичко списание Die Aktion, уредувано од неговиот пријател Франц Пфемпферт. 1916 се сели во Швајцарија; соработка со дадаистите.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Пред десетина дена во резиденцијата ни беше на дипломатска вечера гостин амбасадорот на САД во Тунис и при Палестинската централа Робер Пелетро, кој се сметаше за еден од великаните на американската дипломатија во арапскиот свет.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Боб Пелетро, како што го именуваа неговите пријатели, висок, слабникав, со убав профил на тенисер, беше комплетен арабофил, префинет и вешт дипломат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но Татко бездруго одеше по друг пат кој не водеше кон целта што ја замислуваше неговиот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко не можеше да претпостави што забележува неговиот пријател: дали стари заемки на видените предмети или коментари за нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој најдолго запре пред излогот на еден филигрански дуќан целиот со најразлични сребрени, чудесно изработени филиграни како: раскрилени пеперутки, богат накит во различни облици, прстени, бразлетни, обетки, ѓердани, накитени кубури.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На тој пат Татко се сретна со неговиот пријател по судбина Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеби ја разбираше најдобро и оваа епизода низ која минуваше неговиот пријател по ова необично враќање од Европа на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во прв ред тоа ќе биде професорот Лимузин, но најсилна поддршка ќе добие од познатиот писател Реми де Гурмон, кој во тој период бил нарекуван папа на симболизмот, како и од неговиот пријател Гијом Аполинер, но тоа е долга историја...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од восхитот со кој му зборуваше Камилски на Татко за руските класици на литературата, најмногу откривани од читањето за нив во делата на Андре Мазон, Татко можеше да утврди лесно од каде потекнуваше прорусизмот на неговиот пријател, кој подоцна, продолжувајќи во просоветизмот својата судбина ја насука во сталинизмот, што можеше да го чини глава на Голи Оток.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски не искоментира, макар што ја разбра благата Таткова иронија, која се однесуваше на почетната намера на неговиот пријател да се пресметаат со опасните османизми.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко ја убедуваше Мајка, смирено и сталожено, но чувствувајќи го нејзиниот внатрешен немир, дека наскоро ја привршуваат работата со Камилски и тогаш целосно ќе им се препушти на семејството и децата, макар што не сакаше да нагласува колку работата со неговиот пријател беше за доброто на децата и потомците. И така сите трпеливо го очекуваа крајот на мисијата...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Своевремено Камилски му го позајми овој речник на Татко од кој тој извлече многу поуки, но неговиот пријател не беше го консултирал ниту речникот, а ниту предговорот, па сега се чудеше од каде му се на Татко овие сознанија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сакаше со нив да го сподели расположението од среќата од последното читање кое не можеше да допре до неговите пријатели...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега се на прав пат, помисли, макар што Татковите зборови отстапуваа од првичната линија, беа некако неутрални, безопасни за проектот каков што го замислуваше неговиот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXVI Додека Татко го слушаше Камилски како се вдлабува во споредбата помеѓу језуитите и јаничарите, неговиот пријател размислуваше за продолжувањето на јаничарската идеја и по уништувањето на оваа воена формација од реформаторскиот султан Махмуд II во 1826 година.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXX И додека Татко го гледаше Камилски како со бавни чекори и куферчето книги се доближуваше до нашата куќа, се пренесе во мислите во денот на ненадејното вклучување на Камилски во балканскиот покер во нашата куќа со Татко и неговите пријатели.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXVI Купонските времиња од првите повоени години ни останаа засекогаш во сеќавање, а посебно настанот поврзан со непрочитаната Таткова книга од неговиот пријател Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Расправата за судбината на поимот милет во балканските јазици ги одвлече Татко и Камилски, неочекувано многу подалеку, во различни области одошто очекуваа, но сепак не веруваа дека допреле до неговата суштина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој сметаше дека има доволно аргументи за тоа и ќе настојува од своја страна да не се должи премногу за овој збор, макар што претпоставуваше дека неговиот пријател би можел да има друго мислење и аргументи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но Климент Камилски најголемата благодарност и восхит му ги должеше на Андре Мазон, кој ја беше утврдил посебноста на македонскиот јазик, близок до српскиот и бугарскиот, но различен од обата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но гордоста на обајцата не им дозволуваше да ја остават работата и да ги остават на цедило нивните потомци, за чиј спас Камилски и ја предложи мисијата, а Татко ја прифати макар убеден дека таа немаше да заврши како што очекуваше неговиот пријател.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татковото останување во Цариград не се оствари според соништата на неговата мајка Хазбија, прва братучеда на Али Фети Беј Окјар, соученик на Мустафа Кемал Ататурк во турската Воена гимназија Идадије во Битола, негов пријател и еден од главните соучесници во создавањето на нова Турција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во текот на работата обајцата увидуваа дека зборовите од опасни станува безопасни, од неполезни полезни, од незабележливи забележливи, од исчезнати оживеани.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
LVIII Климент Камилски ја напушти Татковата куќа со притаена радост, а секогаш кога ја завршуваше работата со Татко се чувствуваше повозвишен, позначаен, чекореше поцврсто по калдрмата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„ И тој марко и оној негов пријател Геле Накотник се кртови. ријат под земја.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Побелен, со бледило дури и во очите, се зачуди кога деденцето Богдан Јанков, негов пријател и во негови стари панталони со многу џебови, викна по него од прозорецот на својата куќа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател безначаен сликар, пијаница и очајник, кој освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ќе го отвореше парчето хартија од весник во кое ги чуваше апчињата набавени од аптеката “Здравје” на неговиот пријател Ласте Думбаровски, ќе ставеше едно апче во својата уста, а едно ќе му турнеше во устата на песот Мурго.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Беше уморен и планираше малку да прошара по сликите на неговите пријатели, ако му фати окото да прочита некој текст и да дремне малку.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Пред триесет години, тука, пред собраниската зграда тој и неговите пријатели започнаа нешто ново, некоја навидум револуција, полна со лажен ентузијазам и оптоварена со сентиментални пароли, ама барем, некои од нив ја носеа искрената намера да направат сериозни промени во земјата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се присети дека, таму некаде кон крајот на осумдесетите, кога веќе беше јасно дека комунизмот ќе пропадне, тој и стотина негови пријатели од факултет се собраа пред собранието, барајќи слобода на говор, демократски избори и подобри услови за живеење во студентските домови.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се сврте. Тоа беше неговиот пријател Сајм, кој работеше во Истражувачкиот оддел.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога наутро доаѓавме во Фектори наоѓавме празни чаши од јогурт и остатоци од храна, но никогаш не дознавме дали самиот излегувал ноќе или некој од неговите пријатели му доставувал храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Го позна внукот на неговиот пријател Јована Ѓуров, сега Ѓуровик, претседикот на Витолишча, та и тој кандиса да ја зголеми веселбата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме научи како да се поздравувам и гушнувам како црнец, за да не го брукам пред неговите пријатели.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Значаен настан во историјата на Татковата библио­тека во егзил беше кога неговиот пријател Климент Камилски му донесе монографија за сликарот Марк Шагал, од една изложба во Париз.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Со оваа мисла се согласи неговиот пријател, рускиот научник.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Мојот истоименик Едо од Сан Диего и од Охрид, жена му Су и неговиот пријател Марко ја откупиле фабриката за машински делови...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А Сврделот, не само што го подмирувал партизанскиот одред со сè што му треба туку ќе собере повеќе леб, сирење, облека и други работи и утредента, преку своите луѓе, преку тој Војнета и неговите пријатели во Ливаѓе, отповеќето што ќе го собереле по селата, ќе им го продаделе нешто на луѓето по селата и повеќето овде во Битола бидејќи по градовите тогаш се гладуваше за корка леб, а тој за возврат, за храната лесно добивал добри пари дури и од изгладнетите италијански војници.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И така тука не бил од времето кога уште пред години пријателот Муса кој подоцна се исели од Труција, го однесе на ручек во бањата во Банско каде што успеа да изеде осумнаесет јајца половина час варени во бањскиот извор на температура од околу седумдесет или седумдесет и пет степени, додека неговиот пријател Муса лакомо изеде цели дваесет и осум јајца.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во главата му се вртеше филмот за Цветана Горски и за неговиот пријател, со сомнително минато, белогвардеецот Игор Лозински, којзнае како дојден во градот, па дружењето со албанскиот емигрант адвокат кој замина во Скопје со семејството?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Можеби во сличен случај и јас ќе постапев како него и како неговите пријатели!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Откако го рече она за поразените и за бришењето прав од нивните сенки, другарот секретар, неговиот пријател Јаким, видливо налутен, беше станал од бирото и излезе.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сите денови од ова бдеење Ѓошо Савев и неговите пријатели од четата ги поминале во прикривање траги пред упорните прогонувачи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Неговиот пријател Студентот очигледно бил исполнет со ведрина.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Куќата чиишто ѕидови се начичкани со цртежи, слики и фотографии на Алберт и неговите пријатели е, инаку, некогашна пиварница и перална на замокот што изгорел до темел во пожарот во `52.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Тешко е да се определат боите на цвеќињата во градината, затоа што се менуваат, ме води Дени меѓу алеите со цвеќе.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Како што е претпоставувачки и дека: - пријателот - црнец на гл. јунак е или судија, или шеф на полиција или партнер - детектив и често погоден од злосторничкиот куршум (се разбира, незаслужено) умира во прегратката на својот другар; - кога јунакот (со неговиот пријател - црнец) го паркира својот автомобил каде било, на пр. во преполнетиот Њујорк, секогаш има слободно место;
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Херкул станува Херк, а Мегара – Мег.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Го бараат Зоки по скалите, пред зградата, на балконот, на долниот кат во станот на неговата пријателка Лидија, а него го нема и го нема.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Татко ти тврдеше оти многумина од неговите пријатели лично ги видел како плачат потопени до брадите во вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секоја вечер Ролан Јаковлевич и неговиот пријател Василиј Јенков го напивале Борис Степанович за да им потпише Уверенија, и секоја вечер тој одбивал да го стори тоа тврдејќи дека лично Деникин му наредил да не прави никакви измени или преправки во неговата Бумашка.“
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дедо ми ја носеше онаа маица што сега ја има облечено татко ми, а што му ја имаше подарено пред еден месец неговата пријателка, тетка Јорданка, тогаш скоро вратена од туристичкото патување по Кина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Понекогаш Петре, ако заседнеа на работа, ќе го видеше Неби-ага како клања и на икинди намази, попладне, и кога овој ќе му ја објаснеше третата молитва во денот, која е меѓу пладне и вечер, ибн Бајко помислуваше уште на другите две што следуваа, додека неговиот пријател да си легнеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Со татко ми и неговиот пријател, со чиј автомобил требаше да се транспортираме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
На враќање со татко му јадевме салата во кафанчето кај еден негов пријател.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За мала несреќа на битолската автобуска станица ме сретна неговиот пријател фотограф.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да види дали таму, запретан под сувите лисја, презимил неговиот пријател и сосед, со кого не се имаше видено од октомври.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)