негов (прид.) - решавање (имн.)

Во таа ситуација, за британскиот Форин офис биле од голема важност информациите на британските воени мисии што престојувале во Македонија, имајќи го предвид развојот на политичките собитија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во однос на македонското национално прашање, уште на самиот почеток тие гледале да не дозволат негово решавање, нагласувајќи ја готовноста да прифатат само формирање македонска држава во идната федеративна Југославија, но барале гаранции дека "таа држава нема да анектира или да полага право на какви било територии што ѝ припаѓаат било на Бугарија било на Грција, врз основа на тоа дека тие територии се македонски".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Примерна задача на Тито уште во текот на војната било прашањето за обединување на териториите кои биле под италијанска окупација (Истра, Јулска Краина, Трст), а прашањето за обединување на Македонија, сметал дека не требало да се поставува “акционо“ и дека неговото решавање требало да уследи на мировна конференција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според оваа концепција, подготовката го покрива времето во кое проблемот се скицира и времето во кое се вложуваат индивидуални напори да се откријат и одберат најразвиените вештини и знаења, неопходни за негово решавање.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)