негов (прид.) - сестра (имн.)

Најпосле и неговата сестра Бојана ќе ја почувствува среќата да биде покрај својот маж, покрај својот стопан.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Стерлинг го знае нејзиниот брат кој има појачало и тој ни рече дека може да го земеме тоа појачало само ако ја земеме неговата сестра да ни свири тапани”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Лу ми раскажуваше како со недели тој и Џон јаделе само pop-corn, а пари набавувале главно од давање крв и позирајќи за таблоиди на кои им беа потребни фотографии за шокантните приказни.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Иако го ослободуваат од обвинението, не прифаќа повторно да биде учител и следните неколку месеци се повлекува во некој манастир покрај Виена, работејќи како градинар.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
После тоа, се свртува кон архитектурата и соработува со неговиот пријател Пол Енгелман во проектирањето на куќата за неговата сестра во Виена.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Една од приказните кои оделе со Луовата слика била за некој манијак кој убил четиринаесет деца и го снимил нивното врескање, за да може после да дрка секоја вечер во шталата, а Џоновата слика се појавила заедно со една приказна за некој тип кој го убил својот љубовник затоа што сакал да се ожени за неговата сестра, а овој не сакал сестра му да се омажи за педер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол еднаш го праша Лу како тоа девојка им свири тапани, а овој му рече: „Многу едноставно.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Која од еднобоштво и многубоштво (хаос, Уран- Геја, Крон- Реја со синовите Сеус- владетел на светот, Посејдон- владетел на морињата и Хад- владетел на подземниот свет, па ќерките : Хестија, Деметра и Хера , односно семоќните немирни 12 олимписки богови меѓу кои и Македон- епонимот на Македонија и со кои неприкосновено владее Сеус, кој сѐ гледа, сѐ знае и сѐ може, а нему му помага неговата сестра Хера) подоцна преминува во еднобожна религија: Сеус –Марија и нивниот син Исус Христос , Синот Божји, сос крстот!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Не, не сакаше Никодин ќерка му дури ни во сенката да се изметне на неговата сестра, која во името на љубовта свесно ја ставаше „главата на трупец“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Остана сирак без татко на 12 год., тој и неговите сестри и братчиња во едно село од кое и Бог кренал раце или заборавил дека постои, сеедно.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Гледаш ли, тој ќе ми даде пари за да отпатувам и за други работи, а ти привремено ќе се преселиш кај неговата сестра на село.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И на Марко тогај му кажа неговата сестра: - Гостите викат уште риба немаш од Охрида, да ги пречекаш убаво.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И коа видел: имал Мусо Ќесеџија две срца.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А таја пак му велела: - Јас шчо ти велам: коа да се крстиш, да велиш по еднош и: "Господи, брани од женска белја!# - Море, ајде тии!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Оној февруарски ден 1933 година Зигмунд навистина веруваше во тоа, но веќе беше започната една поинаква низа на настани – дојде нов владетел на Германија и нашите сестри се вратија во Виена; кога новиот германски владетел ја освои и Австрија, брат ми со оние чии животи одлучи да ги спаси замина за Лондон; ние, неговите сестри, бевме депортирани во еден, па во друг логор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А неговите зборови дека секој човек треба да се труди да има што помалку тегобност на овој свет, во миговите на тегобност кои ги преживувавме моите сестри и јас, ми звучеа како потсмев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)