негов (прид.) - сетило (имн.)

Му се чинеше дека невидливи пили ги стружат жиците на неговите сетила.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Побесне од нестрпливост и сега неговите сетила за мирис и за слух го водеа накај вистинското место, директно под прозорецот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но неговите мисли и чувства, па дури и неговите сетила, на некој начин, беа умртвени.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Говореше дека неколкупати во животот имал прилика да му се укаже силна светлина, и дека не можел да сфати како никој околу него не може да ја види; таа светлина, велеше, во неговите сетила побудувала и некаква раскошна музика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
За тоа време и едно друго чувство се проби до неговите сетила: желбата да јаде се зачна некаде во него, во празнините на одамна потпечените парчиња леб, сирење, компири, јаболка.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Потоа некој друг продолжил несвесно да се движи во пренапнатиот Онисифор Проказник, се исправил во него со извлечен јатаган од крваво месо и пошол со искривено лице да сече и да реве со зборови на одамна умрените први доселеници или староседелци на тоа парче земја.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој некој во него ги примал движењата и настаните со негови сетила: видел уште тројца или четворица мртовци, меѓу нив еден свој, премолчаливиот Куно Бунгур, без проштален поглед, со очи скриени под крвава коса и со многу рани по вратот и по рамениците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)