негов (прид.) - сеќавање (имн.)

Но, тоа беше обично парче од бескорисно знаење што тој случајно го поседуваше затоа што неговото сеќавање не беше доволно под контрола.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Партискиот интелектуалец знае во кој правец треба да бидат преуредени неговите сеќавања; тој, според тоа, знае дека ја изигрува стварноста; но применувајќи ја двомислата, тој исто така се уверува себеси дека стварноста не е повредена.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
XLIV Татко не можеше ниту во најоптимистичките варијанти да поверува дека трагањето по османотурцизмите со веќе изветвена конотација, посебно заемката кадија, со сите изведенки толку силно ќе го разбрануваат неговото сеќавање на минатото, одамна заклучено длабоко во себеси и што беше најнеобично првите зборови кои започна да ги разгледува најсилно го осветлуваа и го будеа неговото цариградско време збиднато меѓу 1919 и 1914 година, токму во цутот на неговата младост.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Неуспешни му беа обидите да се задржи на една, која било среќна мисла.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во таа дупка почнаа да пропаѓаат сите слики на оние што ги сакаше, блиските луѓе, сите звуци на музиката со која живееше, сите негови сеќавања, сиот тој мозаик од ситни спомени на еден помалку или повеќе вообичаен човечки живот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека го разгоруваше огнот многу настани од минатите денови поминаа низ неговите сеќавања.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
За делче од миг низ неговото сеќавање поминал настан од неговото најрано детство: неугледна старица од некое планинско село дошла на еден Велигден во полна црква и со голем крст во рацете го надвикала свечено облечениот поп барајќи од набожниците да појдат по неа во доброволна смрт.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што можел да стори Онисифор Проказник - да побара од непознатите осуммина да се тргнат од патот за да помине дружината со двоколките или да заповеда веднаш да се пука?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Таму ќе го нема ниту сефардското маало во чудесната гора која с уште листаше во неговото сеќавање, изгорена во големиот пожар во 1917 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не паметел судбина на друг народ, барем според неговото сеќавање, дури и семејство да биде поделено со границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Притоа господин Гроздановски не јзабележа дека зборот "дружење" како да го возбуди, но тоа не остана регистрирано во неговото сеќавање, така што од неговото внимание побегна мигот да се праша дали зборот "дружење" не го возбуди затоа што можебм и нему му недостига дружење или би можело да му недостига, во согласност со општоприфатеното мислење на луѓето коешто нему не му беше непознато.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Портата е замандалена, стопанот го нема. Стоиме пред куќата на Габриел Гарсија Маркес во Картагена де Индиас и се обидуваме да измериме колку неговите сеќавања се раздалеч од Аракатака и колку Маконда збира во едно белодробно крило?
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Зарем само заради белезицата што ја виде на раката на Ботка додека го послужуваше со кафе настојуваат да ја избришат од неговото сеќавање посетата кај другарот Јаким?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На залезот од животот на Татко, најстариот брат, не без тага во душата, му беше рекол дека е време, според неговото сеќавање, според сеќавањето на Мајка, да ги состават семејните стебла.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)