негов (прид.) - слабост (имн.)

Тој дојде на овој турнир со цврста намера да го реши за себе двоумењето, надевајќи се потајно дека сепак не е сѐ уште загубено, дека сѐ може да се поправи, и дека неговата слабост е само преодна слабост.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Погледот пак се сврте кон Даниел, и вториот кој токму тогаш гледаше право во него, четирите очи, поточно нивните погледи, се разминаа како две птици во лет и скршнаа еден од друг, но погледот на Боб бргу се врати кон лицето на Даниел и тој ја извлече потребната сила, не од неговите сопствени извори, туку од измачениот лик на човекот што беше извор на неговата слабост.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Петар, пак, лут и нетрпелив кон сето она што (исто така материјално) не му ги олеснуваше патувањата и проповедите, на смрт го проколна во неговата слабост.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сврделот на Партијата и на движењето им требаше како топол леб, без оглед на сите негови слабости за кои и бевме и не бевме свесни.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Неговата слабост кон жените не му се пише за тежок грев.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некаква чудовишна иронија како да се беше раскикотила над неговата слабост.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На стариот Језекил никој не можеше да му ја прости неговата слабост, разбирање за својата немоќ тој не можеше да се надева дека ќе најде во ничии очи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ако сакал некој да знае, тој можел да му ја напика в џвало вистината: чудовиштето лежело во самиот параспур на македонското село, во неговата слабост да се измачува со секакви стравотии, со морници да ги задушува морниците на грубиот живот; да, животот е чудовиште што ја подгонува кон бездна двоколката на судбината во која се запрегнати луѓето, сите во јарем и со железен жегол в грла, слепи за крајот на патот, запенети и со сокрвца на напукнатата кожа, со набрекнати јагарци од обете страни на гркланите, под мишки и лево и десно под папоците.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се плашеле, се тресел и Лозан Перуника со нив. Потоа заборавил што е тоа страв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
А и упатствата што ми ги беше спомнал Б.С. укажуваа да внимавам токму на оваа негова слабост.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но како да му помогнам додека чувствувам како ме измачува помислата дека не сум во состојба да го запрам времето и дека веќе наближува некој друг ден, некоја друга ноќ, а тогаш Јана ќе биде сосема друга жена, поинаква од онаа што тој ја познава, и дека тогаш ќе му припаѓа на некој друг.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Еве, и на оваа негова слабост сум спремна да помислам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А токму во слабоста се раѓаат вините.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Трајанка, а и другите, чувствувајќи ја неговата слабост, сега побавно му се приближуваа и тоа не како да доаѓаат на помирување, туку како да ќе го напаѓаат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Всушност неговата слабост се состоеше во тоа: да го зголемува значењето на секоја ситница што ќе ја изречеше некој друг а се однесуваше на него и на неговите постапки или недај боже слабости.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)