негов (прид.) - современик (имн.)

Њутн и неговите современици, во осумнаесеттиот век, се надевале дека ќе можат да го претскажат поведението на секој сложен систем со тоа што ќе ги идентификуваат сите делови и ќе ги изучат сите нивни меѓусебни заемодејства.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Иако ги користи цитатите многу повеќе од поголемиот дел негови современици, тој тоа го прави помалку наметливо.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Татко, како познавач на старотурскиот, односно османскиот јазик, но и како негов современик, за време на студиите во Цариград, беше мошне внимателно слушан од Камилски, макар што според него говорителот се оддалечуваше од целта на дебатата, ако цел воопшто имаше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тоа е прв таков случај во модерната уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Познати се и приказните што за него ги собрал неговиот современик Џорџо Вазари (1511-1574), познат по своите анегдоти.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Татко авторитетно продолжи: Писмото и азбуката со кои се служеа Турците беа и за нив исто така, позајмени од арапската цивилизација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Различно од било кој негов современик, или претходник, за Коро се тврди дека ја зачувал суштината на своите детски шкработини во идните дела.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)