негов (прид.) - состојба (имн.)

Наводно требаше да се направат некои дополнителни испитувања во врска со неговата состојба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но тој, во таа негова состојба на зафатеност со мене, тоа го примил како наклоност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Оттаму, длабоката привлечност кон телото, кои неговите состојби и промени, кон остварувањето на допир со другото тело, кај мене извира само од љубопитноста на истражувачот за немирните игри на виртуозот Ерос.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Неговата состојба во овој период беше навистина тешка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За овие скоро три години, или поточно 33 месеци тој беше невработен и редовно се пријавуваше во тогашниот Завод за вработување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со првото пувкање на чадот, острото сознание за неговата состојба и тежината на тоа што требаше да го направи, го обзедоа и во неговата душа предизвика празнина, која потоа премина во амбис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Го содржи сиот ужас и бол што ги доживеа тој и што го доживеавме сите ние кога дознавме за неговата состојба.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)