негов (прид.) - средба (имн.)

Ете, поради тоа, кога убаво се изнасмеав од прочитаното во есејот на Јан Кот „Одалеку-одблиску или Балзаковиот кревет“, веднаш потрчав во собата каде мојата сопруга уживаше во следењето на ТВ серијалите и почнав да и раскажувам за Јан Кот и за неговите средби.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Беше тоа за него речиси како некој разговор со некој од оние ретки, стари пријатели, за кого воопшто не си се надевал дека некогаш ќе го сретнеш, таква беше неговата средба со белата снежна шума.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Толе беше предупреден од Бешот дека постои организација, дека постојат и други комитети освен него, но оваа беше првата негова средба со луѓето од таа Организација.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ако беше во прашање само Рајна, Родна ќе се справеше со својата соперничка без да бара помош од нас.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Или да се жали на однесувањето на својот Генерал само во врска со неговите средби со Рајна, и тоа во дуќанот за сода-вода.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
После четириесетитретата, неговата средба со Маре во петокот и во саботата беше прва и последна.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ова уште повеќе ќе го зајакне интересот на Камилски за Фаик Коница, кој ќе трага по Татковата информација и за неговата средба со Борис Сарафов.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стојче го праша Шаќира што мисли.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)