негов (прид.) - средина (имн.)

Пред него на тротоарот лежеше мало купче малтер, а во неговата средина јасно се гледаше тенка црвена бразда.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во неговата средина висеше старо колско дрвено тркало со осум светилки.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во неговата средина, зголемен од заоблената површина, се наоѓаше некаков чуден, розов, извиткан предмет, кој потсетуваше на роза, или на анемона.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Експлозијата на атомската бомба - теоријата се покажа жестоко реална - ја обележа неговата средина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Рибарот знаеше, иако со мало искуство во други краишта, дека човекот од друга средина станува веднаш посебен во новата: ако таму бил зол, овде е интересен, ако таму бил добар и наивен, овде е под сомнение, ако таму бил изложен на подбив, овде е прифатен како знамение: и дека најпосле, дури и посебноста во неговата средина овде може да важи за нормална појава.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Има само една сина сенка, само толку сина сенка, колку по неа да може да се расплисне богатата месечина, што истечува како полн плисок заискрено бело вино од онаа огромна топка на небото, што стои на самата негова средина, како усвитен, пребликнат саан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)