негов (прид.) - станица (имн.)

Но кога речиси судбината на егзилот нѐ фиксира во овој град, како на речиси последна негова станица, се чувствуваше дека Мајка ја презема иницијати­вата во доменот што се сметаше дека е само Татков.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Макар колку луѓе да среќавав по движењето во центарот, па и по улиците на Келн и на неговата станица, која сама за себе претставува посебен град, не можеше да се забележи, барем видливо, дека овде навлегла макси-модата.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)