негов (прид.) - стопан (имн.)

А тоа, отстојувањето на Имотот, во градежна смисла, сѐ до средните шеесетти години на нашиов век, кога се урна господарската живеалишна зграда, се должи покрај на отпорноста на градежниот материјал (камен, малтер од негасена вар и дабово дрво) и на вештината на градењето, уште и на итроста, грижливоста и жилавоста на неговите стопани, а потоа и на една, иако понижувачка, среќна историска околност.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
За чудо, пак, кучето, кое стоеше покрај слепиот армоникаш, веднаш му даваше знак со виење ако некој се доближуваше до него, без испружена рака кон кутијата, зашто веројатно сметаше дека тој се доблжува кај неговиот стопан за да му ја земе кутијата со пари.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И на коњот му беа здодевни овие катадневни мерења на патиштата, но задоволство наоѓаше со стасување во селото: додека неговиот стопан им пишуваше на луѓето, тој спокојно си пасеше по лединките погалуван често од рацете на оние што чекаа ред кај Фончета, а повеќе пати нахрануван и со зоб од оние што сакаа Фонче да им напише што поубава тужба или жалба, или ако претходното судење се решило во нивна корист.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
- Качак ! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Па, и животното чувствува како и неговиот стопан.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не се ни обиделе да го спасуваат животното.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Чекале неговиот стопан Никифор Ганевски со нож да го избави од маките. Премалувале од глад.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истражувале како да се сочуваат, да останат толку колку што останале живи и пак, без караници, умно наслушнувајќи се еден со друг, се поделиле: едните мислеле дека е побезопасно да се патува дење, другите верувале дека ноќе не ќе сретнат никого дури ни на царски друм.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од што се плашеле? Бездруго од платеници на суробрадиот Али-бег што не признавал друго воденичарско господарство освен своето: па дури и на оние благолики Турци, наргиличари со среќна насмевка на алахови почитатели што не ја одобрувале неговата алчност, бегот можел да им се одмазди на некој начин; во својот долап со изрезбани арабески во дабово дрво имал пергамент за дедовски и татковски и свои заслуги во кој, со милосливост на султанот Махмуд Втори, се барало од граѓанските и воените власти да му бидат секогаш при рака, не додавајќи ги кон сето тоа легендите за неговите браќа што се истакнале во ликвидирањето на побеснетите јаничари и крџалии и пријателството што го врзувало со секакви мутеселими, кадии, кајмаками, шејови, заслужни бегови; се знаело дека во еден спор и самиот валија, државник и поет и исто толку почитатели на поетите Зати, Фузули, Наби, Вејси, набожно ги допрел со набожниот султански ферман градите, усните и челото и го прогласил неговиот стопан за доживотен праведник.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Качак! грлено го извика неговиот стопан кога го виде како заостанува веднејќи ја големата глава, обрастена со сребреносиви влакна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И потоа, барем така веруваше господинот Гроздановски, грифонот не ја наведнуваше својата глава додека не беше сигурен дека неговиот стопан заспива.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)