негов (прид.) - сфаќање (имн.)

Отишол и во Врховниот комитет, каде што Сарафов го прифатил неговото сфаќање за опасноста што ја криело револуционерното движење на Македонија за интересите на великобугарската кауза во Македонија и му ветил дека Комитетот ќе направи сѐ за да се постигне „согласност" со Револуционерната организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Судбина... Во тие зборови немало ни победнички призвук на докажана мудрост ни разочараност; според неговото сфаќање, сѐ се движело по однапред определени простори со свои тајни и неизбежни законитости.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Делото на Хајдегер, на Мерло-Понти ( Merleau - Ponty,1968), Гедемер (Gadamer,1976) и други феноменолози кои го разработија неговото сфаќање (види Palmer, 1969), потврдија дека човековата мисла и човековите постапки се формираат на длабочини во кои не можеме да проникнеме со јазикот, обичаите и општествените институции во одреден историски момент.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
- Значи, кажи зошто по вторпат му се крши колата на нашион пријател Герасим?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Што се однесува до постапките на Раде кон мене, одамна имав заклучено дека се однесува со внимателна наклонетост, иако, според неговите сфаќања, ние, луѓето од перото, бевме претставници на некоја чудна фела, недоволно дефинирана во ставовите; млитава во односите; недозволено либерална во постапките, и тоа токму во моменти кога ни бил потребен поцврст фат!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Една од причините за таквата измена во неговото сфаќање на огнот беше можеби и ѕвонежот на ретките капки што пееја надвор, под стреата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ѓорче - пишува Сарафов - во испраќањето на специјален човек од наша страна (на потпоручник Иван Камбуров, во Солун, да го изврши помирувањето - б.м.) проѕре дека се наштрбува самостојноста на ЦК, па изгледавме, по негово сфаќање, навистина нешто како “Врховен комитет“ ...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
-Всушност сакав да му го изразам задоволството од неговото сфаќање на силата на љубовта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)