негов (прид.) - телохранител (имн.)

Сатирот, неговиот телохранител, седи на едно колче тука, малку понатаму, некако како зад нас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Срдечно се поздрави и следен од некој џин, веројатно негов телохранител, нè воведе нас двајцата, новинарот на италијанскиот Messagero, неговиот преведувач и потпретседателот Мацура, во една мала просторија во која започна нешто што требаше да личи на интервју.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Како можев така да мислам кога претседателот ене си седи во својата претседателска фотеља и си ги брка своите претседателски работи, а неговиот телохранител, Сатирот, стои пристојно облечен, со црни ракавици и со пендрек во десната рака што го удира врз дланката од левата рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)