негов (прид.) - тупаница (имн.)

—Шо да му права кога тие повелаат, бре Толе? — беше одговорот на Колета, кој во себе ја одобри постапката на Толета и ни малку не се спротиви на неговите тупаници.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Повторно ви велам, Клефтис да се држи до крај, бидејќи тој е градите на Грамос или неговата тупаница”.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Го одбегна ударот, со десната нога му го изби штикот од рака и во истиот миг неговата тупаница се растовари во лицето на противникот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Типот побегна по скалите, колку што можеше побрзо - го мрзеше да го чека лифтот.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Погледнавме низ прозорецот и го видовме како влегува во автомобил и заминува.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тогаш Тејлор слизна од него, ја грабна капата од мојата глава, отрча до прозорецот со капата преку неговата тупаница, го скрши стаклото и почна да вика: „Помош! Полиција!“
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Се плашите од неговите тупаници.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Змејко имаше сосема црвено лице и веќе беше како дома, префаќајќи нешто околу фенерчето со малечко, топчесто шишенце, многу помало од неговата тупаница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од обете страни на лицето му се протегаа коси линии на насобраната крв под кожата и се губеа кон густината на дивата брада.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и во неговите тупаници надоаѓаше крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во гласот не му се претчувствувала никаква закана.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Неговиот гнев се грчел во неговите тупаници.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мораше и Живко да се преформулира откако виде дека домаќинот не ни трепна пред неговата тупаница, па прашалникот го преправи во извичник: - А бе, вие Прилепчани, не само што имате вода туку сте имале и езеро!
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)