негов (прид.) - фирма (имн.)

Уморниот полициски комесар Руслан Федари, инаку директор на „Филип Б“, беше презадоволен од финансиските ефекти на неговата фирма во последно време.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Таква ќе биде и неговата фирма“, отсече татко ти не дозволувајќи ми да се вклучам во разговорот, и се фрли на ракијата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Беше надвор и чекаше. Изгледаше како најобичен техничар на одмор, во пластичен шорц и смешна Хавајска кошула врз која беа отпечатени зголемени слики на најдобрите микропроцесори на неговата фирма; благ мал човек, еден од оние што се опива со саке во барови каде продаваат минијатурни оризови кекси со додаток на морска трева.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ни пожели добар пат, препорачувајќи ни ги сите најдобри услуги на неговата фирма.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Па неговата фирма е три улици подолу од нашата куќа во Магарево...
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Неговата фирма не доби нова брана на последниот тендер.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Александар уште еднаш го обзеде горчината што го фаќаше по завршувањето на секој состанок во неговата фирма.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)