негов (прид.) - цигара (имн.)

“ Тој влезе по неа и ја затвори вратата: во мракот само неговата цигара светкаше.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Густиот дим од неговата цигара се обликува во пет букви – SUENO, безболно што се шират и распрснуваат по најтемните агли на свечената сала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Често во неговите наследени книги со старо турско писмо, пепелта од неговите цигари при занесните читања се истураше и врз синкавите персиски минијатури, арапските арабески, небаре неговиот лик беше засекогаш заробен во нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)