негов (прид.) - чудо (имн.)

Тие го живеат животот со сите негови чуда и чудества, го примаат како редок дар и едноставна, а голема радост.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Убаво ли ти е да го имаш Игбал за пријател? – ме праша директно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Потоа пројавија интерес и за животописот во гробната капела на св. Наум каде што се прикажани неговите чуда: го направил неподвижен монахот што сакал да го открадне неговото тело од гробот; го направил неподвижен крадецот што сакал да го украде коњот од манастирот; ги излечил разните душевно болни луѓе изгонувајќи го од нив злото и бесот и им ги исцелил нивните душевни страдања, вадејќи им го нечистиот низ устата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Татко продолжуваше да размислува за мистериите на јазикот, за неговите чудеса, за енигмата на неговото постоење, свесен дека нема никогаш да ја разбере.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)