негов (прид.) - добар (прид.)

Стигнав во градот на конзулите, сега веќе добро познат, од сите негови добри и лоши страни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Неговите злобни мисли што излегуваат од устата повторно се наталожуваат на срцето,а тоа го онечистува човекот, додека, пак, неговите добри мисли го чистат срцето – ја надоврза својата мисла старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Помогнаха ми секаде молитви свјатаго Василиа што беше ме даровал от неговите добри работи и ме искупи от горкии и страшнии баждарници дјаволски.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Остануваше притиснат, скучен и сам, а во неговите добри очички, какви што можат да бидат сретнати само кај срните, стоеше нешто толку далечно и стаклесто, во кое беше цела една непремостива провалија.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)