негов (прид.) - друг (прид.)

Покрај Дишановото, наводно, дрско потсмевање на уметничката работа, овој филм okno.mk | Margina #8-9 [1994] 181 е сериозен и целосен развој на истите оние интереси кои се среќаваат во неговите други поголеми дела.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од неговата друга страна стоеше еден човек во бел мантил, држејќи шприц за поткожни инјекции.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Токму таа, што му ја спомнуваа татко му и мајка му, кога му зборуваа за неговата друга мајка.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Наслови на неговите други романски книги: Книга за обманите, Преобразбата на Романија, Солзи и светци, Сомрак на мислењето, Приручник за страста. 1937-та Сиоран заминува во Париз и од тогаш останува во Франција, велејќи дека сликата на Романија ја чува онаква каква му се врежала во детството и таа слика не сака да ја поремети со чести доаѓања.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Кој беше Јасер Арафат? Тој веќе беше во историјата без да го подготвувал педантно, методично и фанатично своето место во неа како неговиот друг соборец од Картагина, раизот Хабиб Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат како ретко кој друг успеа да ја ревидира судбината на својот палестински народ, да го обедини на патиштата на слободата по вековниот егзил и самиот да стане маченик на враќањето во Палестина, историска жртва, фатен во подготвената стапица од јастребот Шарон!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Немало толку да се труди ако не се плашел дека упорноста на Родна и неразумната неумереност на Рајна може да ги изведат на виделина и неговите други траги.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Рајна била многу јасна кога пред Родна укажала и на некое свое право (а не само желба) да учествува во задоволствата што Генералот ги растурал лево- десно околу себе!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Исто така, тоа е начин да се гледаат 221. 72 Elizabeth Grosz, Architecture from the outside: essays on virtual and real space (Cambridge, Mass.: MIT Press, 2001), xviii. 73 Ibid, p. 93. 58 од дистанца нештата на двете страни од границата, или начин да се живее во една култура а истовремено да се остане далечен од неа: „Косата црта, незабележливата линија што го дели A од –A, едниот бинарен поим од неговиот друг е место на исклучената средина, единственото место на преговори меѓу нив, единствениот простор за движење, единствената позиција од која може да се подметне пукнатина или дупка во самодефинираниот поим што воспоставува бинарна привилегија и оттаму во орбитата на самата бинарна структура. (...) Она помеѓу е тоа што ја зајакнува и овозможува транзицијата на другото од бидување друго на едното до сопствено настанување, до реконституирање на друг однос со поинакви услови.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тоа е начин да се биде и внатре и надвор, секогаш со можност за влез или излез.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тој стигна до местото каде што улицата се пресечуваше од бескраен плоштад со одвај видливи куќи од неговата друга страна, и кој изгледаше како страшна пустина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И навистина, тој имаше некаква чудна кројка; јаката му се смалуваше секоја година сè повеќе, зашто служеше за крпење на неговите други делови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)