негов (прид.) - единствен (прид.)

Најпосле се најдоа лице в лице и изгледаше дека негова единствена желба е да избега.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но, запишано е, дека на неговиот единствен портрет, од доцното мимчештво, каде е насликан како Архангел Михајло (според некои од анонимен еснафски мајстор, а според Хауард Даблју Браун од величествениот Justinaianus Hermeticus, иако и обете тврдења се потпираат единствено на податокот од „Тајната историја“ на Ниќифор Правдољубивиот, во која се присутни исклучиво исчезнати имиња, слики, палати, предели): - „...од очите му избива оној подземен, мрачен, но опседнувачки занес“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тоа е всушност интерен информациски подсвет, кадешто сите учесници гледаат и се движат по истиот простор што е и неговата единствена сличност со виртуалната стварност.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И потоа одеднаш, ненадејно, тој е одвоен од овие луѓе, од луѓето што го исполнуваат овој свет, неговиот единствен свет.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се сети и на оној миг кога не можеше да води љубов со онаа за која дури подоцна сфати дека била неговата единствена изгубена половина.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тогаш и добитокот го отераа в село, зашто неговиот единствен син, Данчо, не можеше да ги остави селските работи и да остане подолго време во колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Му требаше светлина, таа беше неговото единствено оружје што го имаше и со кое можеше да им се противстави на волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Многу ги сакаше Лоренс Оливие и Вивиен Ли, ги гледаше во нивниот прв заеднички филм „Оган над Англија“, го обожаваше Спенсер Трејси (го викаше Траси), а имаше гледано и неколку филмови на прекрасниот Чарли Чаплин кој ја секогаш ја развеселуваше но и трогнуваше до солзи, на неговиот единствен начин.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Сега, сè повеќе мислеше, беше уверен во тоа, дека Карл ќе биде негов единствен наследник. ***
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Случајот Прчев“ се повлече од дневните рубрики, и освен неколкуте репризи на неговите единствени два филма, тој веќе не егзистираше во јавните спомени.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Можеби револуциите се неговиот единствен луксуз во кои застанува во првите редови, но брзо ги губи илузиите, нема режим што може да го спаси, принуден да се приспособи на секого и сешто...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Деспотизмот секогаш ќе смета на неговото жртвување.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беа неговите единствени зборови.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Му реков на татко ми дека сметам дека е речиси неверојатно неговиот шеф да се обидува тоа да му го направи нему.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Утревечер мајката или мажот ѝ, знаејќи дека во сопчето отспротива стои тој и ги следи во мракот, ќе ги затворат капаците и така во неговата соба веќе нема да навлегува светлината што му вдахна живот, светлината во којашто наивно уживаше, којашто беше неговата единствена радост. Меѓутоа, не беше така.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи, жената излезе на прозорецот само за да го види него и сигурно затоа што беше забележала дека и тој е на својот затемнет прозорец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)