негов (прид.) - животен (прид.)

Отткако живите членови на бендот се соочиле со податоците од филмот останале разочарани затоа што, додека бил жив Ијан, не се потрудиле сериозно да ја сфатат неговата животна ситуација, да го разберат неговиот апел за помош и да му помогнат.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Шахот беше сонот на неговиот животен успех.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Утробата на Креклајт се распаѓа а неговите животни соништа се распрснуваат среде физичката убавина која ниту режисерот ниту снимателот не се обидуваат да ја намалат, туку ја слават.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Од спротива со дигнати нозе на маса и подуен у образите седеше Парољуб Шврчковски, кој со дебелиот диоптер ги меркаше кифлиците и упорно пробуеше да улови грчка маслинка од препуната трпеза. I luv little pussy & I am street fighter гласеше неговата животна парола.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Уште една негова животна преокупација, религиозните претстави е претставена преку „Пиета” (1949), работена во молив и масло.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На пример, стилизираната геометриска форма на лист врз кој се слева тенок акварелен намаз, преку меките потези од молив.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас да бидам неговата животна сила и инспирација, а тој моја.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Главно се навраќаше да ги препрочитува делата и деловите од делата што беа пресудни во дефинирањето на неговата животна филозофија што се темелеше на карактерност и главно смиреност постигната со напор.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)