негов (прид.) - занесен (прид.)

Текот на многу таткови мисли, можеше верно да се открива врз страниците на неговите отворени книги врз кои имаше истресено најмногу пепел – најмногу врз светите книги, нападната и разлеана врз редовите за време на неговите занесни читања кога забораваше да ја истресе во пепелникот што Мајка постојано го ставаше пред него.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Пепелта, при неговите занесени читања, која како да патуваше од книга во книга означувајќи една од варијантите на потрагите по балканскиот лавиринт, за мене значеше линија на нова потрага во која се криеја тајните на Татковиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ова сознание убаво се вклопуваше во неговата занесна природа кога, не можејќи да најде брза и логична разврска за настаните со кои немоќно се соочуваше, па прибегнуваше кон метафизички размисли.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)