негов (прид.) - затворен (прид.)

Нашите усни се допреа, и тогаш јас ги затворив очите, а во слаткиот допир на нашите јазици почувствував нешто како ветување дека таа слаткост вечно ќе трае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој за миг ги затвори очите, барајќи го она бестелесно женско суштество кое го наоѓал таму уште од времето кога се разделувал од детството, потоа ги отвори очите и се насмевна, наоѓајќи ме мене пред себе, и одново ги затвори очите и пак ги отвори, како да си ја потврдува сродноста помеѓу тоа суштество без лик, исткаено од светлина што трепери пред неговите затворени очи, и мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)